Next race: www.highscardusultra.com

Friday, December 27, 2013

Попова Шапка-Титов Врв(20-21.12.2013)

Секој ден поминат на планина е вистинско уживање. Уште поголеме е кога тоа ќе биде два дена. Саботата пристигнавме нешто претпладне и веднаш се упативме на ски терените кои не работеа и изобилуваа со тишината која толку ни фали во градовите. За среќа имавме сноуборд и ретка шанса да се проба оваа активност под будното око на Буцевски. Остатокот од денот го искористивме за едно кратко трчање преку викендиците па во правец на домот Јелак и назад. Ноќта ја поминавме по во планинаски дом Смрека во друштво на неколку планинари кои пристигнаа истиот ден.

Friday, December 20, 2013

КМТ#1/2014 (15.12.2013)

Не чекавме долго да помине после КТМ за да го направиме и првиот тест на патеката за наредната година. Од магливото Скопје преку Прилеп па назад со селото Оревовец до сончевите падини во околината на Прилеп. Со трчање започнавне од Оревоец во насока кон селото Крстец по земјениот пат кој го користат и возилата. Промената на патеката од првобитната 60к е токму во Крстец со насока на движење северо-запад во правец на манастирот Св. Ѓорѓи. Овде патеката е потесна и на делови обрасната со грмушки и трње, но затоа пак изобилува и со делови кои ја доловуваат целата убавина на trail running-от. 

Tuesday, December 17, 2013

Пониква(27.11.2013)

Тој ден беше Ден на дрвото и само што падна снег. Првиот снег. Временската прогноза најавуваше прекрасен ден. Бевме тројца, Ангел, Диме и јас. Нашиот план, на Ангел и мој, беше да трчаме во правец на Царев Врв а Диме реши да истрча некаде во близина. Бевме дојдени единствено за уживање и максимално се држевме до тоа. Ова беше сепак првото долго трчање по пауза од месец и не сакавме да претераме. Како што се ближевме кон врвот така и снегот стануваше подлабок и по изминати 13к решивме да се враќаме назад. Уживавме во прекрасните погледи кои се пружаа на сите страни. Над котлините се имаа напластено толку многу облаци што формираа огромно море каде што од некаде гордо се издигнуваше некој масив, врв...

Friday, November 15, 2013

Љуботен (10.11.2013)

Традиционалното искачување на Љуботен исто како и претходната година го започнавме ден порано. Поточно на врвот бевме во сабота нешто пред полноќ додека оние кои пристигнаа претходно (Петар, Александра, Александар и Владимир) го направија тоа преку ден. Имавме прекрасна ноќ за искачување на врвот со исклучок на врвот каде дуваше малку ветар но сепак тоа не можеше да ја попречи прославата, нашата годишнина(на Светле и моја) .   

Thursday, November 7, 2013

Солунска Глава (03.11.2013)

Тргнавме од Папрадиште по ново маркираната патека преку Даутица до Солунска Глава. Патеката е одлично измаркирана и прилично лесна. Најстрмниот дел се наоѓа пред самиот врв. Прекасен есенски ден створен за вакви искачувања. Единствено пред самото искачување на врвот времето се „затвори“ за кратко и почна да дува северен ветар. Затоа и го одложивме планираното излежување на самиот врв. За назад се решивме да одиме преку планинарскиот дом Чеплес и назад пак до Папрадиште. 

Saturday, November 2, 2013

Ljubljana marathon(27.10.2013)

За Словенија си знаеме дека е преубава. Од неколку претходни посети знаев дека истото важи и за Љубљана. Во целата таа слика свое место има и  Љубљанскиот маратон.
Еден солидно пополнет автобус од Македонија надополнет со нашите пријатели од Србија по едно ноќно патување во саботата, ден пред трката, се истовари во Љубљана. Се сместивме во едно интересно хостелче во близина на центарот на градот. Најпрво го посетивме саемот, оближувајќи се на понудената опрема, подигнавме стартни броеви и тргнавме во еден напорен шопинг. Целиот град тој викенд беше подредеден само за маратонот. Градските автобуси возеа бесплатно учесници, центарот на градот ден претходно затворен за сообраќај, огромни банери со логото насекаде... Мирисаше на голем настан. На 18 Љубљански маратон.

Wednesday, October 23, 2013

Голем Крчин(20.10.2013)

Недела рано наутро поаѓаме кон село Битуше. Се паркираме на фудбалското игралиште, над селото. Голема група од околу триесетина планиранири има намера тој ден да ги искачи врвовите Рудина(2238m) и Голем Крчин(2341m). Некои од нас се определуваат само за искачување на Голем Крчин заради наталожениот умор. Од селото до самиот врв води прекрасна патека низ шума послана со дебел слој на лисја, одлично измаркирана. Се движиме полека уживајќи во убавините околу нас. 

Меморијален ултрамаратон/полумаратон Горан Стојанов(19.10.2013)

Слично како и на претходниот настан од претходната недела, мнозинството се определи да трча полумаратон. Сепак пријатно изненади и бројот на пријавени ултрамаратонци. Она што радува е се поголемиот број на учесници и секако константноста на останатите натпреварувачи. Тоа придонесе пак за отежнување при броењето на круговите на натпреварувачите па така некои останаа покуси за еден а други побогати за уште еден круг. 

Thursday, October 17, 2013

Маратон/полумаратон на себенадминување Шри Чинмој(13.10.2013)

Вистинска реткост кај нас е да се организираат неколку трки во еден месец(КМТ, Маратон на себенадминување и Меморијален ултрамаратон „Горан Стојанов“) но уште поголема реткост е два од овие настани да бидат само на еден ден разлика. 

Wednesday, October 16, 2013

KMT 2013 (11.10.2013)

Она што требаше да биде голем настан КМУТ  на крај поради многу причини се претвори во КМТ од 16к. За жал така испадна но што можеше се спаси од оваа ситуација благодарение на Трајче Панковски и неколкуте силни подржувачи на овој настан од Прилеп кои повеќе од заслужено добија медали за нивниот придонес. Трката ја одбележа и нејзиниот хуманитарен карактер со цел да се помогне во закрепнувањето на нашиот најпознат ултрамаратонец, Зоран Димов.


Tuesday, October 8, 2013

ЦЕРИПАШИНА ВЕРТИКАЛ К #2 (06.10.2013)

Со Светле пристигнавме во сабота околу пладне. Трајче, Петар, Александар и Данчо веќе беа таму маркирајќи ја патеката за утрешниот ден. Сеуште не бевме сигурни дали ќе спиеме во шатор или во домот па ранците ги оставиме над домот Смрека. Имавме намера да денот да го искористиме за трчање па решивме само да стигнеме до нив да се поздравиме и помуабетиме малку да се вратиме назад до ранците и да трчаме некаде околу.  

Wednesday, September 11, 2013

Persеnk Ultra(14.09.2013)

Љубопитноста и желбата за трчање овојпат не одведоа во Асеновград, 400к далеку од Скопје, на првото издание на Персенк ултра(120k/5200m +D). Седумчлената екипа составена од Александар  и Сандра Симјаноски, Светлана, Александар Таковски, Данчо, Јовица Стојановски и јас пристигнавме нешто пред полноќ во четвртокот во Асеновград каде нашите љувезни домаќини/организатори веднаш не сместија во хотел на само неколку чекори од центарот на градот. Патувајќи од Софија кон Пловдив безброј молњи ни го осветлуваа патот кон Асеновград најавувајќи го дождот кој требаше да падне пред трката.

Wednesday, September 4, 2013

ЦЕРИПАШИНА ВЕРТИКАЛ К (01.09.2013)

Се случи и тоа за прв пат овде кај нас, Вертикал километар. На иницијатива на Трајче Панковски овој скромно организиран настан се одржа на Попова Шапка и тоа од почеток на ски лифтовите до врвот Антени. На старот се појавивме околу шеснаесетмина. Мала но добра бројка за почеток на нешто толку убаво и напорно. Во неполни пет километри имавме околу 1000m +D. Кратко по стартот патеката свртува во десно и се движи по столбовите на Церипашина. Кај претпоследниот столб имаше благо свртување во десно и потоа искчување до самиот врв каде се наоѓаше и првиот контролор. Следуваше спуштање во долината под врвот и за крај уште едно стрмно искачување до врвот каде не очекуваше и вториот контролор. 
На крај Garmin 310XT покажа должина од 4.37k со 913m +D и време од 1:02:35.
Наредна ваква трка не очекува во првата половина на октомври па бидете подготвени.

Tuesday, August 20, 2013

ТАРА МАРАТОН(16-18.08.2013)

Првите најави за овој маратон ги здогледавме уште на Фрушкогорскиот маратон кога група луѓе носеше маички со логото на Тара маратон. Досега, барем јас а и поголем дел од остатокот ги немаше посетено тие краеви што беше доволен предизвик да се приклучиме кон оваа авантура. Авантура затоа што целиот настан опфаќаше три трки(Бамби крос, Аква челенџ и Гармин ултра), планинарење и сплаварење по Дрина. Така секој од деветнасет члената екипа си најде своја улога во оваа авантура. Поголем дел од нас беа дојдени со намера да учествуваме во трите трки. Некои се опредлија за Бамби крос(Софија, Тања, Борче, Марјан), некои за Аква челенџ(Петар, Данчо, Ѓоре, Тања Пенева, Илија) и остатокот за Гармин ултра(Трајче, Александар, Јовица и јас). Исто така еден дел од групата се определи за планинарење со водич по прекрасните предели на Тара(Марина, Тена и Војкан), додека во сплаварењето учествувавме сите.

Thursday, August 15, 2013

Пониква, Царев Врв, Руен и обратно

14.07.2013
Заедно со Светле, Ангел и Ристе решивме да трчаме до Царев Врв. Во организација на кочанските планинари имаше организирано искачување на врвот. Исто така се приклучија и дел од кочанските велосипедисти. На паркингот на Пониква се поздравивме со планинарите и одговорниот ни кажа дека на враќање во мотелот Мице не чека „планинарски ручек“(грав т.е. боб и колбаси). Со бавно трчкање ги совладувавме првите километри кон врвот. Широк земјен пат не води се до врвот а и теренот е доста прегледен. Веднаш после првото бачило се наѕираат кулите на врвот. Речиси сите патишта водат кон врвот па сосема е небитно кој пат ќе го фатите.

Wednesday, August 7, 2013

Триглав(02.07.2013)

Lavaredo Ultra Trail веќе беше позади нас успешно завршена и остануваше да си го „одработиме“ вториот дел од зацртаното, искачувањето на Триглав. Започнавме најпрвин со разгледувањето на водопадот Савица а потоа нога пред нога се упативме по патеката „Седум триглаваски езера“. Многу живописна патека која нуди прекрасни погледи на сите страни, а самите езера фасцинираат со својата бистрина. 

Saturday, July 13, 2013

Lavaredo Ultra Trail(29.06.2013)

27.06.2013
Една година подоцна повторно во Кортина. Истиот камп, Рошета. Времето веќе беше облачно и најавата за дожд не изостана. По пријавувањето веднаш се повлековме во кампот со делумно наводенета облека. Дождот беше на вистински пат да потрае цела ноќ.

Tuesday, June 11, 2013

Pirin Run(09.06.2013)

Во организација на здружението Маратон и Salomon Challenge трета година по ред во Банско се одржа  Pirin Run. Како што напомена и самиот организатор и по кажувања на останатите учесници ова е најтешката трка во Бугарија. Должината од 13km и 2000m +D дефинитивно го потврдуваат овој факт. За разлика од претходната година овојпат тројца се нафативме на овој предизвик, Марјан, Светле и јас. Стигнавме ден пред трката заедно со нашата екипа/експедиција(Петар, Татјана, Ѓоре, Марина, Тања М. и Александар). Имавме доволно време да се пријавивме за учество, да помуабетивме со нашите колеги од Бугарија и  да уживавме во богата „pasta party“ во хотелот Кемпински. Стартот беше закажан за 10:00. 

Wednesday, May 29, 2013

Копрен 24ч(25-26.05.2013)

Уште со самото појавување овој настан го разбуди љубопитството во нас. Побрзавме да се пријавиме за да го фатиме рокот од 5евра до 15 мај после кој котизацијата изнесуваше 15 евра. Прифатлива цена со оглед на тоа дека на котролните точки единствено беше обезбедено вода. Стартот беше во селото Дојкинци одалечено 40км северо-источно од Пирот. Патот до таму исполнет со многу кривини и дупки што бара многу внимателно возење. 
Копрен(1963m) е еден од највисоките врвови во Србија(инаку највисок е Миџор со 2169m и воедно највисок врв во Србија) на планинскиот масив Стара Планина, кој се протега од југо-источниот дел на Србија па се до Црното Море, и се наоѓа на самата граница со Бугарија. 

Вежбавме и движење со стапови

Tuesday, May 28, 2013

Пехчево: Равна Река-Ченгино Кале(18.05.2013)

Повторно тргнавме во испитување на нови места за трчање. Овојпат на крајниот исток, во околината на Пехчево. Трајче имаше спремено неколку варијанти на патеки со должини од 25км и 35км. Тргнавме по земјениот пат заедно со огромната планинарска група и на првото свртување се упативме кон парк шумата Скокото. До Ченгино Кале водеше широк земјен пат, прекрасен за трчање. Дури и неколку кучиња не можеа да им одолеат на прекрасните терени за трчање иако. На врвот сепак се одлучивме да си ја фатиме пократката и заедно да се спуштиме со планинарската група. Ги разгледавме и водопадите коие се вистинка атракција во овој крај. 

Убаво уредени патеки и мостови 

Tuesday, May 14, 2013

Скопски маратон '13

Скопје е најубав без возила, Скопје е најубав кога е Скопски маратон!
За разлика од претходните години временските услови беа речиси идеални. Температура под 20 целзиусови, облачно време и ситни капки дожд пред стартот најавија паѓање на рекордите на патеката и многу лични рекорди. 

Дел од нашата тркачка фамилија

Thursday, May 2, 2013

Фрушка Гора - ултрамаратон плус(27.04.2013)

Традицијата на учество продолжи и оваа година. За мене трето по ред, вкупно пет со 2007 година, за некои второ и за некои прво. Деветмина, исто како минатата година, но со променета постава од Скопје преку шопингот во Инџија стигнавме на Фрушка Гора. 
Пристигнавме доцна попладне по малку уморни од патот. Прво си ги наместивме шаторите па потоа слеговме на ручек близу планинарскиот дом. Во меѓувреме највредните ги обезбедија пријавите за утредента. 
Макпетрол тим: Александар, Влатче, Бурим, Петар, Маја, Светле, Јовица, Жикица, Тања

Tuesday, April 16, 2013

STIP TRAILS (14.04.2013)

Околу секој град во оваа наша мала држава можат да се најдат интересни места за трчање. Некогаш може тоа да бидат помалку оптеретени асфалтни патишта, некогаш скалила, а некогаш ридски или планински терени(доколку ги има). А Штип ридските  терени ги има во изобилство. Секако потребно е нивно познавање, но и без тоа само со малку истражување може да се направи добар тренинг или прошетка. 

Monday, April 8, 2013

Трчаме кон целта(06.04.2013)

Веќе традиционално првата седмица од месец април е резервирана за настанот Трчаме кон целта. Настан кој секоја година станува помасовен вклучува детска трка на 1km, трка на 5km, полумаратонска трка, театар, музика... Местото на одржување беше кај мостот близнак на кејот на Вардар. Временските услови многу слични на минатата година т.е. температура над 20C, сонце, испарување од дождовите кои што паднаа... Сепак условите за сите беа исти а за некои не беа ни пречка да се истрча најдоброто време во карирерата. Овде мислам на победникот во полумаратонската трка Кокан Ајановски кој со време од 1:13:44 беше далеку пред другите. И што е најважно од се за ваков настан одлично се забавувавме и дружевме.

Wednesday, March 27, 2013

Матка-Водно-Скопје(24.03.2013)

Неделното долго трчање овојпат го резервиравме за Матка-Водно. Тргнавме со автобусот во 7:00 од Скопје кон Матка, Јовица, Ѓоре, Светле и јас. Самата помисла на студените дрвени седишта ме одбиваше од возењето со автобусот но за среќа патувавме со нешто понов бус. 


Tuesday, March 26, 2013

Веливар, Дешат(23.03.2013)

По втор пат оваа година одлучивме да ги посетиме врвовите околу прекрасната Жировница. Идејата на Трајче беше да се искачи највисокиот врв на Дешат, Веливар 2.373m. Повторно не водеше Даут овојпат со неговите пријатели. Уште еднаш за пофалба беше бројот на учесници кои решија да се приклучат кон ова искачување. 


Thursday, March 21, 2013

Taor trail run(17.03.2013)

Таорската клисура е една од трите клисури по течението на реката Вардар и се наоѓа помеѓу селото Катланово и Велес. Во делот на клисурата се вливаат две притоки кон Вардар, Кадина Река и Пчиња. 


Monday, March 11, 2013

Gazi Baba XC Challenge '13

На падините на паркот Гази Баба во недела (10.03.2013) се одржа традиционалниот трет по ред крос во организација на АК Безбедност од Скопје. Трката беше поделена во две категории, жени кои трчаа 5 кругови и мажи кои трчаа 10 кругови. Должината на кругот изнесуваше 1км но по споредувањето на неколку ГПС уреди по завршувањето на трката се утврди дека еден круг е со должина од околу 900м. Женската трка стартуваше точно во 12:00, а машката беше со почеток од 12:30. Условите за трчање на патеката беа фантастични исто како и времеските услови. 



Tuesday, March 5, 2013

Маратон-полумаратон на себенадминување Шри Чинмој Ниш 03.03.2013

Нишкиот маратаон/полумаратон на себенадминување Шри Чинмој  традиционално секоја година во почетокот на месец март се одржува во паркот Чаир. Маратонот/полумаратонот се трча во кругови па така оваа година маратонот броеше 40 кругови, а полумаратонот 20 кругови. 


Thursday, February 7, 2013

KMUT Test drive #2

Дојде ред и вториот преглед на дел од патеката за КМУТ 2013. Времето доста ветровито, со силен јужен ветар и најави за задожд кои сепак изостанаа. Овој пат стартувавме во близината на Штавица, поточно од асфалтниот пат близу селото, и се движевме/трчавме кон селото Марул. Делови од патеката после Штавица беше прилично зашумен и каллив. 
Во Марул имавме кратка пауза на селската чешма. Следно село низ кое поминамве беше Подмол. Пред самото село има вир и убави карпи за сончање само што бевме во погрешна сезона овојпат. 


Saturday, February 2, 2013

Исар-некои нови делови

Супер е кога ќе најдеш некое ново место за трчање или некој нов дел од некое место. Најчесто се користеа скалите за трчање или асфалтниот пат што води до спомениците на Исарот. Од самиот врв можат да се одберат неколку делови кои што се идеални за трејл трчање, кратки ама има и доста т.н. технички делови со многу камења и карпи. 
Најмногу ме бендиса овој северен гребен долг околу 500m со искачување од 75m +D

Friday, February 1, 2013

Галичица зимски семинар (26-27.01.2013)

Во текот на претходниот викенд на Галичица во организација на МАИВП(Македонска асоција на интернационални водачи во планина) се одржа еден од неколкуте тематски зимски семинари кои се планираат за оваа зима. 


Friday, January 25, 2013

Garmin 310xt

По долго пребарување на многу уреди од ваков тип го пикирав овој бренд и модел најмногу поради GPS уредот и  визуелноста(има малку поголем екран од останатите како на пример Garmin Forerunner 410 кој исто така беше опција) и траењето на батеријата.



Wednesday, January 16, 2013

КУРТОВО ЌУЛЕ (13.01.2013)

Еве ја и првата тура за оваа 2013 година. Некои веќе сезоната ја започнаа со искачувањето на Кобилица. Овојпат беше предвидена предвидена пократка тура таман како за почеток на Новата година. Стартувавме од с.Жировница(околу 1000 м.н.в), прекрасно село, налик на некое алпско со многу гостопримливи и пријатни луѓе како Даут Јашари, ренџер во НП Маврово, кој не водеше на оваа акција. 


Tuesday, January 1, 2013

ЉУБОТЕН(29-30.12.2012)

Крајот на 2012 година наближуваше а ние се би направиле да можевме да ја продолжиме за уште неколку викенди и шетање по нашите планини. Таква моќ немаме па затоа решивме максимално да го искористиме последниот викенд за искачување на источната страна на Љуботен и поставување на камп некаде под врвот.