Next race: www.highscardusultra.com

Friday, November 15, 2013

Љуботен (10.11.2013)

Традиционалното искачување на Љуботен исто како и претходната година го започнавме ден порано. Поточно на врвот бевме во сабота нешто пред полноќ додека оние кои пристигнаа претходно (Петар, Александра, Александар и Владимир) го направија тоа преку ден. Имавме прекрасна ноќ за искачување на врвот со исклучок на врвот каде дуваше малку ветар но сепак тоа не можеше да ја попречи прославата, нашата годишнина(на Светле и моја) .   

Thursday, November 7, 2013

Солунска Глава (03.11.2013)

Тргнавме од Папрадиште по ново маркираната патека преку Даутица до Солунска Глава. Патеката е одлично измаркирана и прилично лесна. Најстрмниот дел се наоѓа пред самиот врв. Прекасен есенски ден створен за вакви искачувања. Единствено пред самото искачување на врвот времето се „затвори“ за кратко и почна да дува северен ветар. Затоа и го одложивме планираното излежување на самиот врв. За назад се решивме да одиме преку планинарскиот дом Чеплес и назад пак до Папрадиште. 

Saturday, November 2, 2013

Ljubljana marathon(27.10.2013)

За Словенија си знаеме дека е преубава. Од неколку претходни посети знаев дека истото важи и за Љубљана. Во целата таа слика свое место има и  Љубљанскиот маратон.
Еден солидно пополнет автобус од Македонија надополнет со нашите пријатели од Србија по едно ноќно патување во саботата, ден пред трката, се истовари во Љубљана. Се сместивме во едно интересно хостелче во близина на центарот на градот. Најпрво го посетивме саемот, оближувајќи се на понудената опрема, подигнавме стартни броеви и тргнавме во еден напорен шопинг. Целиот град тој викенд беше подредеден само за маратонот. Градските автобуси возеа бесплатно учесници, центарот на градот ден претходно затворен за сообраќај, огромни банери со логото насекаде... Мирисаше на голем настан. На 18 Љубљански маратон.