Next race: www.highscardusultra.com

Wednesday, April 23, 2014

Iznik Ultra(18-20.04.2014)

Изник или античка Никеја е мало гратче кое се наоѓа во азискиот северо-западен дел на Турција. По него е именувано и езерото на чии брегови се наоѓа и самиот град. Инаку целиот град е опкужен  со ѕидина која сега на делови е пробиена поради сообраќајот кој речиси е во полн ек преку целиот ден и до доцна во ноќта. Веќе трета година Изник е домаќин на Изник ултрамаратон што опфаќа три трки од 131k, 80k и 42k. За уште поголема промоција трчањето се организира и трка од 10к низ улиците на градот на која масовно учество земаат мештаните од овој регион.

Wednesday, April 2, 2014

Пониква, Царев Врв, Руен и назад(30.03.2014)

Последниот подолг тренинг пред Изник решивме да го направиме на Осогово и поради терените кои ги нуди за трчање и поради должината која планиравме да ја направиме. Поточно планирано беше да формираме две групи од кои едната би трчала од Пониква до Царев Врв и назад а другата од Пониква до Руен и назад. 
Само што влеговме во летното сметање на времето со еден час помалку спиење и околу 7:30 бевме на паркингот на Пониква. Од таму пристигнатите десетина луѓе се упативме со трчање наjпрвo кон Царев Врв додека останатите решија да пешачат кон Царев Врв. Во меѓувреме пристигна и екипа планинари од Кочани.