Next race: www.highscardusultra.com

Thursday, August 27, 2015

Persenk Ultra 130km/5600 D+(22.08.2015)

Персенк е трка на планинскиот масив Родопи во Бугарија. Стартот е во Асеновград и опфаќа три трки: Персенк Ултра 130к, Орехово Ултра 80к и Асеновград Крос 20к. Ова беше трето издание и убаво е да се види како овој настан прераснува во еден од најзначајните во Бугарија и на Балканот од ваков тип. 
Македонската екипа на овој настан броеше десетмина од кои тројца на Персенк Ултра, Јовица, Александар и јас додека Светле, Тања, Мики, двајцата Игоровци, Карас и Пирко и Димитар на Орехово Ултра. 
Деновите пред трката проверувајќи ја прогнозата бевме свесни дека нема да трчаме по идеални временски услови но оптимизмот не не‘ напушташе. Сепак и таа тронка оптимизам беше збришана со пристигнувањето во Асеновград на ден пред трката од молњите и густите облаци кои ги окупираа Родопите. 

Friday, August 7, 2015

Shara Sky Race(02.08.2015)

Замислете трка на Шар Планина. Со старт од Штрпце, Косово и завршува во Старо Село, Македонија. На тоа додајте одлична маркација и четири окрепни станици. Од кои две над 2000 м.н.в. Додате и волонтери кои со нетрпрение го очекуваат секој натпреварувач и веројатно пред Вас ја имате Шара Скај Рејс. Првата прекугранична трка на овие простори. За одличчната организација се потрудија Skyrunning од Србија, Бели Вук од Штрпце, Косово и TREX од Македонија. На нас тркачите ни остануваше само да ја доживееме оваа убавица од трка. За сите натпреварувачи имаше бесплатен превоз од Белград и Скопје, ноќевање во спортската сала во Штрпце како и ручек во Штрпце и Старо Село. И повеќе од доволно.