Next race: www.highscardusultra.com

Monday, March 24, 2014

Плачковица(20-23.03.2014)

Доста ми беше и од работа, град, бучава, телефони, луѓе... Решив да земам два дена одмор од работа и да се префрлам на Плачковица во викендицата на чичко ми. Четвртокот беше идеален ден за тоа знаејќи дека викендиците се празни. Друштво си најдов во Буш(моето куче). И тој без дилеми веднаш се пикна во автомобилот. За еден час веќе бевме на Плачковица. А таму атмосферата идилична, мирна, релаксирачка... Затоа не губев време и излегов на едно кратко трчање. Само што се појавивме на асфалтот го сретнавме и чичко Ристо, чуварот во детското одморалиште кое во меѓувреме „порасна“ и сега е универзитетско, со двете кучиња. Едното Џета партнерка на Буш и уште едно мало кученце. Само кратко се поздравивме и се договоривме да се видиме подоцна. Но кучињата беа решени да ми прават друштво и така си продолживме четворицата да си трчакаме кон Туртел. Немав цел да правам километража туку лесно трчање и што повеќе  да уживам во прекрасниот ден. Го поминавме и Туртел продолживме во правец кон селото Видовиште но не за долго. Само што почна стрмното спуштање направивме кратка пауза и почнавме да се враќаме назад. Тие 13k беа сосема доволни за почеток. 

Маратон на себенадминување Шри Чинмој(16.03.2014)

Недела, Градски парк Скопје. Старт на маратонот во 09:00. На стартот се појавивме дваесетидва натпреварувачи од кои дваесет во машка и само две во женска конкуренција. Полумаратонот стартуваче час подоцна.  Преку целиот настан имавме одлични временски услови поради што паднаа и доста лични рекорди како на маратонот така и на полумартонот.
Целта ми беше преку овој маратон да направам еден добар трениниг после едно неделната пауза поради болките во коленото и секако пред Изник Ултра  имајќи во предвид дека голем дел од патеката е рамничарска. Уште од самиот старт сфатив дека не е ова прилика за личен рекорд и наместо тоа настојував да си држам ритам(4:27 k/min) кој најдобро ќе ми одговара. Исто и Александар Симјановски беше во сличен ритам па најголем дел од маратонот го поминавме заедно, освен завршните неколку километри. На крај финиширав со време од 3:06:56 не сметајќи го дополнителниот круг и со тоа го имав моето второ најдобро време на маратон. 

Tuesday, March 4, 2014

Видео Фестивал за Планинско Трчање "ЛУЃЕ КАКО НАС"

Кино Фросина, Младински Културен Центар
4 април 2014 година
почеток 18:00

УБАВА(23.02.2014)

Заедничката акција на ПСД Макпетрол и ПД Кораб овојпат привлече огромен број на луѓе, точно 137, кои беа решени и покрај неповолните прогнози да појдат кон врвовите Убава и Остри Врв. Стартот беше од селото Патишка Река по што речиси го следевме широкиот земјен некаде до границата на шумскиот појас. Логиката потоа не водеше кон не многу стрмно искачување на Убава. Традицијата на групна фотографија ја запазивме и овој пат по што тргнавме кон Остри Врв. На пат кон Остри Врв видливоста се намали толку што ГПС уредите беа повеќе од потребни. Но како што наближувавме погледите кон Остри Врв и околината се повеќе се отвораа. На спуштање времето не почести со врнежи од снег, а како што се наближувавме кон Патишка Река и со дожд.