Next race: www.highscardusultra.com

Thursday, October 30, 2014

Strumina Cesma Trail 16km, 700m D+(16.11.2014)

На закажаниот старт во недела се појавија околу 62 натпреварувачи некои расположени за трчање некои за пешачење. Старт означивме точно во 10:00 од медицинското училиште и дел од побрзите се одвоија уште на стартот. Светле и Никола како волонтери беа претходно заминати во правец на Струмина Чешма каде беше и единствената контрола. За наша среќа во Штип дојде и Александар Буцевски кој беше во улога на контролор на финишот. И така со четири луѓе во улога на волонтери дававме максимум во организацијата на оваа трка. Проблеми настанаа на дел од патеката што поради нашата маркација и невниманието на натпреварувачите што некои ги чинеше и добар пласман. Искрено жалам за пропустите кои се случија и за кои сме наполно свесни и ги прифаќаме и кои во наредната прилика би ги корегирале. Исто така пак сме пресреќни од одзивот и позизтивната енергија од сите учесници. Се надевам дека ова ќе го повториме што побргу и во многу подобра организација!

Monday, October 20, 2014

Krali Marko Trail 64k, 3000m D+(12.10.2014)

Ретки се трките каде можеш да бидеш во улога на волонтер и на тркач. Секако не истовремено. Неколкуте викенди пред самиот старт заедно со уште неколку вредни момци и девојки, наши добри пријатели учествувавме во маркирањето и подготовката на патеката. Се трудевме да биде што подобро измаркирана. Врзувавме многу почесто ленти од обично а користевме и боја за се да биде уште повизибилно. Во случај некој ги искорне лентите сепак бојата ќе остане. Така си велевме. За да биде уште полесно од натпреварувачки аспект поставивме и табли кои ја сигнализираа насоката и дистанцата до наредната контролна точка. Во тој поглед патеката беше повеќе од спремна за што сведочат и многуте позитивни коментари.