Next race: www.highscardusultra.com

Tuesday, August 20, 2013

ТАРА МАРАТОН(16-18.08.2013)

Првите најави за овој маратон ги здогледавме уште на Фрушкогорскиот маратон кога група луѓе носеше маички со логото на Тара маратон. Досега, барем јас а и поголем дел од остатокот ги немаше посетено тие краеви што беше доволен предизвик да се приклучиме кон оваа авантура. Авантура затоа што целиот настан опфаќаше три трки(Бамби крос, Аква челенџ и Гармин ултра), планинарење и сплаварење по Дрина. Така секој од деветнасет члената екипа си најде своја улога во оваа авантура. Поголем дел од нас беа дојдени со намера да учествуваме во трите трки. Некои се опредлија за Бамби крос(Софија, Тања, Борче, Марјан), некои за Аква челенџ(Петар, Данчо, Ѓоре, Тања Пенева, Илија) и остатокот за Гармин ултра(Трајче, Александар, Јовица и јас). Исто така еден дел од групата се определи за планинарење со водич по прекрасните предели на Тара(Марина, Тена и Војкан), додека во сплаварењето учествувавме сите.

Thursday, August 15, 2013

Пониква, Царев Врв, Руен и обратно

14.07.2013
Заедно со Светле, Ангел и Ристе решивме да трчаме до Царев Врв. Во организација на кочанските планинари имаше организирано искачување на врвот. Исто така се приклучија и дел од кочанските велосипедисти. На паркингот на Пониква се поздравивме со планинарите и одговорниот ни кажа дека на враќање во мотелот Мице не чека „планинарски ручек“(грав т.е. боб и колбаси). Со бавно трчкање ги совладувавме првите километри кон врвот. Широк земјен пат не води се до врвот а и теренот е доста прегледен. Веднаш после првото бачило се наѕираат кулите на врвот. Речиси сите патишта водат кон врвот па сосема е небитно кој пат ќе го фатите.

Wednesday, August 7, 2013

Триглав(02.07.2013)

Lavaredo Ultra Trail веќе беше позади нас успешно завршена и остануваше да си го „одработиме“ вториот дел од зацртаното, искачувањето на Триглав. Започнавме најпрвин со разгледувањето на водопадот Савица а потоа нога пред нога се упативме по патеката „Седум триглаваски езера“. Многу живописна патека која нуди прекрасни погледи на сите страни, а самите езера фасцинираат со својата бистрина.