Next race: www.highscardusultra.com

Wednesday, May 25, 2016

Momata Rock Trail II(15.05.2016)

Оваа година Момата го имаше своето второ издание. Дуплираниот бројот на тркачи за разлика од претходната година е само потврда за растот на оваа трка и секако на бројот на трејл вљубеници. За патеката да биде уште повозбудлива од минатата година организаторите, ЗАПС Единак, имаа вметнато еден супер спуст од домот Томе Темелковски-Влечкарот и еден сингл трејл дел до самиот срт на врвот Чуле. Остатокот од патеката беше речиси идентичен со минатогодишниот секако со неодминливата камена статуа Момата. Одлична организација и дружба. Доколку сеуште не сте се пробале на Момата искрено ви препорачувам да си ја забележете во вашиот тркачки календар за следната година!
Во склоп на настанот ПСД Макпетрол ја организираше својата традиционална акција „По трасата на гасоводот“ со искачување на врвот Чуле.

Вистинска гужва на стартот

Monday, May 23, 2016

Скопски маратон(08.05.2016)

Одлуката да се трча на Скопски маратон падна уште минатата година кога за жал се откажа оваа наша најмасовна манифестација. Имав само една зацртана цел пред маратонот а тоа беше време под 3:00 па макар и за секунда. Субјективната страна беше тоа. Објективната беше дека три недели претходно ја истрчав мојата најдолга дистанца досега од 170k со 7120m +D и тоа во период кога тренирав со послаб интенизитет за разлика од претходно. Не бев сигурен колку сум физички одморен но психички бев спремен особено по 100 милји Истра, трка која многу ми ја подигна самодовербата.

Monday, May 16, 2016

Роденденска вело тура Охридско-Преспанско-Охрисдско Езеро(30.04.2016)

Продолжениот велигденски викенд решивме да го искористиме за посета на Струга. На 30 Април ми беше роденден и за да го прославиме соодветно Жико предложи една интересна велосипедска тура.
Тргневме од влезот на националниот парк Галичица возејќи накај граничниот премин Св. Наум од каде влеговме во Албанија.
Поминувајќи ја границата многу брзо стигнавме во Поградец. Незнаејќи точно каде треба да се движиме навлеговме во централниот дел од градот каде заглавивме туркајќи ги точаците во пазарот на Поградец. Многу луѓе, неасфалтиран пат и коли насекаде околу нас.

Над Поградец