Next race: www.highscardusultra.com

Monday, May 23, 2016

Скопски маратон(08.05.2016)

Одлуката да се трча на Скопски маратон падна уште минатата година кога за жал се откажа оваа наша најмасовна манифестација. Имав само една зацртана цел пред маратонот а тоа беше време под 3:00 па макар и за секунда. Субјективната страна беше тоа. Објективната беше дека три недели претходно ја истрчав мојата најдолга дистанца досега од 170k со 7120m +D и тоа во период кога тренирав со послаб интенизитет за разлика од претходно. Не бев сигурен колку сум физички одморен но психички бев спремен особено по 100 милји Истра, трка која многу ми ја подигна самодовербата.


Решив привите 5-7k да ги одам значајно под просекот од 4:13 кој е потребен за маратон под 3:00. Како што одминуваа почетните 15-17k просекот воопшто не падна под 4:21 и тогаш ми стана јасно дека сум далеку од потребното време. Бидејќи ретко се откажувам а сеуште имав енергија решив да го завршам маратонот со кое и да било време и со што помала штета по моето тело. Стануваше се потопло и со се помалку тркачи на патеката а нозете претешки. Веројатноста дека ќе налеташ на некој со сличен ритам беше уште помала. Успеав да се довлечкам некако сам до Рекорд на 31k и за среќа налетав на Александар Симјаноски кој реши да ме прати во останатите километри, а претходно истрча полумаратон. Нозете веќе беа толку уморни што на моменти одев а и моето трчање во тие моменти не беше значително побрзо од одење. Ретко кога сум осетил таква немоќ но последната кривина и правецот кон финишот го бришат сето тоа. Финиширав со време од 3:23:44.


Светле сеуште беше на патеката и знаејќи како е да се биде делумно осамен на ваков маратон позајамив велосипед од Мики кој возеше од Штип до Скопје и решив да и бидам од помош колку што ќе можам повеќе. Светле финишираше со време од 5:04:56.



No comments:

Post a Comment