Next race: www.highscardusultra.com

Friday, December 27, 2013

Попова Шапка-Титов Врв(20-21.12.2013)

Секој ден поминат на планина е вистинско уживање. Уште поголеме е кога тоа ќе биде два дена. Саботата пристигнавме нешто претпладне и веднаш се упативме на ски терените кои не работеа и изобилуваа со тишината која толку ни фали во градовите. За среќа имавме сноуборд и ретка шанса да се проба оваа активност под будното око на Буцевски. Остатокот од денот го искористивме за едно кратко трчање преку викендиците па во правец на домот Јелак и назад. Ноќта ја поминавме по во планинаски дом Смрека во друштво на неколку планинари кои пристигнаа истиот ден.

Friday, December 20, 2013

КМТ#1/2014 (15.12.2013)

Не чекавме долго да помине после КТМ за да го направиме и првиот тест на патеката за наредната година. Од магливото Скопје преку Прилеп па назад со селото Оревовец до сончевите падини во околината на Прилеп. Со трчање започнавне од Оревоец во насока кон селото Крстец по земјениот пат кој го користат и возилата. Промената на патеката од првобитната 60к е токму во Крстец со насока на движење северо-запад во правец на манастирот Св. Ѓорѓи. Овде патеката е потесна и на делови обрасната со грмушки и трње, но затоа пак изобилува и со делови кои ја доловуваат целата убавина на trail running-от. 

Tuesday, December 17, 2013

Пониква(27.11.2013)

Тој ден беше Ден на дрвото и само што падна снег. Првиот снег. Временската прогноза најавуваше прекрасен ден. Бевме тројца, Ангел, Диме и јас. Нашиот план, на Ангел и мој, беше да трчаме во правец на Царев Врв а Диме реши да истрча некаде во близина. Бевме дојдени единствено за уживање и максимално се држевме до тоа. Ова беше сепак првото долго трчање по пауза од месец и не сакавме да претераме. Како што се ближевме кон врвот така и снегот стануваше подлабок и по изминати 13к решивме да се враќаме назад. Уживавме во прекрасните погледи кои се пружаа на сите страни. Над котлините се имаа напластено толку многу облаци што формираа огромно море каде што од некаде гордо се издигнуваше некој масив, врв...