Тој ден беше Ден на дрвото и само што падна снег. Првиот снег. Временската прогноза најавуваше прекрасен ден. Бевме тројца, Ангел, Диме и јас. Нашиот план, на Ангел и мој, беше да трчаме во правец на Царев Врв а Диме реши да истрча некаде во близина. Бевме дојдени единствено за уживање и максимално се држевме до тоа. Ова беше сепак првото долго трчање по пауза од месец и не сакавме да претераме. Како што се ближевме кон врвот така и снегот стануваше подлабок и по изминати 13к решивме да се враќаме назад. Уживавме во прекрасните погледи кои се пружаа на сите страни. Над котлините се имаа напластено толку многу облаци што формираа огромно море каде што од некаде гордо се издигнуваше некој масив, врв...
Тико, Ангел и Диме |
Позитивна енергија |
На пат кон Царев Врв |
Прекрасни падини за скијање |
Фотографии за паметење |
Бели тунели |
Знаевме дека ќе мора набргу да се вратиме |
No comments:
Post a Comment