Next race: www.highscardusultra.com

Wednesday, June 17, 2015

Momata Rock Trail(14.06.2015)

Крали Марко Трејл си доби помала сестричка во Селечка Планина. Стартот и финишот беа од манастирот Св. Димитрија над с.Селце. Пријавени беа 44 натпреварувачи и сите успешно ја завршија трката. Старувавме во 9:00 но со оглед на температурата и изложеноста на патеката на сонце не би имале замерка и да беше и порано. Патеката, морам да напоменам одлично измаркирана, од стартот до првата контролна точка спушташе речиси до самиот град. На првата контола каде имаше освежување не пречека Игор Теофил. Следуваше мало стрмно искачување па потоа еден убав дел за трчање пред искачувањето кон Момата еден од највпечатливите камени облици во овој дел по кој трката го доби името. Нешто пред самиот дом кој беше на 9км патеката минуваше низ шума и речиси по изохипса водеше до домот Томе Темелковски-Влечкарот. Овде покрај освежување можеше и да се касне нешто. Од домот кон врвот Ќуле или Чуле(по прилепски) беше она вистинското стрмно искачување.и сите претходни искачувања делуваа само како загревање за ова. Како што одминуваше трката времето стануваше претопло но за среќа имаше некое слабо ветре што одеше во прилог. Патеката всушност го заобилокуваше врвот па по доста стрмен спуст одеше кон неговиот југо-западен гребен и потоа во изохипса одеше до финалниот спуст на трката. Спустот со доста технички детали бараше особено внимание и добро познавање на ваков вид терен. Доколку правилно се следеше маркацијата патеката водеше до уште една чешма. По неколку долчиња патеката излегуваше на широкиот земјен пат кон манастирот каде што беше и финишот на трката. Овде би ја пофалил одличната организација на ЗАПС Единак во соработка со ТРЕКС и ПСД Макпетрол.

Saturday, June 6, 2015

КМТ-тренинг(29.05.2015)

КМТ или Козјак Трејл како што ќе се имаенува од оваа година беше еден од планираните тренинзи за Јоцо и Дејан за претстојниот Лаваредо Ултра Трејл. Светле, Пирко и јас се појавивме најмногу заради друштво и за да уживаме во патеката која многу ни значи.

Thursday, June 4, 2015

Попова Шапка-Среден Камен(24.05.2015)

Насловот всушност требаше да гласи да гласи Попова Шапка-Среден Камен-Титов Врв-Бакардан- Попова Шапка. Тоа беше првобитно замислено. Но на Шапка каде не чекаа Јоцо и Стефан стигнавме релативно доцна. Тоа беше и првата грешка. Не губевме време и веднаш по бандерите кои водат во правец на Јелак се упативме во правец на Плат и Горна Лешница. Широк пат за трчање и уживање во убавините на Шара. Пред свртувањето за Плат наидовме на голем поток но сепак најдовме добар премин. Попатно ги сретнвме и Марина и Ѓоре кои се упатија кон Плат. Овде патеките се прекрасни за трчање и во многу потсетуваат на Алпи на места каде што сме трчале. Наидовме и на неколку снежни остатоци кои беа доста цврсти да се гази под нив.