Next race: www.highscardusultra.com

Wednesday, October 31, 2012

ПОДГОРИЧКИ МАРАТОН 2012

Ниту најавените лоши временски услови за време на викендот не не поколебаа да земеме учество на Подгоричкиот маратон и полумаратон. Околу четериесетина тркачи од Македонија решија да ги пробаат силите на овие две дисциплини. И единствента оптимистичка прогноза падна во вода денот кога пристигнавме. Некои најававија дека по такво време нема шанси да трчаат. Сепак и тоа беше ретка шанса да се трча по таков дожд па сите си ја искористија. Најуспешни македонци во полумаратонската трка беа Кокан Ајановски на 11 место со време од 1:17:35 во машка конкуренција и Марија Блажевска на 7 место со време од 1:38:47 во женска конкуренција. Моето време на полумаратонската трка беше 1:27:54 и пласман на 28 место. Во маратонската трка најуспешен македонски натпреварувач беше Трпе Мартиновски на 16 место со време од 2:57:58.    

Friday, October 19, 2012

KMUT 2012

Првачето на КМУТ оваа година беше поделено во два дела. Саботата трките на 60км и 33км а во неделата трката на 18км и уште една дополнителна трка за основците од 1750м.
Трките на 33км и 60км се одвиваа паралелно. Стартот беше закажан во 8:30, релативно рано за стартот да биде посетен од што повеќе луѓе, но со оглед на должината на патеката и нејзината тежина ќе немавме замерка и до колку биде порано. На стартот се појавија околу 40 натпреварувачи во двете дисциплини. За само неколку минути улиците на градот Прилеп ни припаѓаа само нам, тркачите, се додека не излеговме од градот и се упативме кон седлото на ридот Кукул и Мермерното Езеро. На тој потег се наогаше и најубавиот дел за трчање (за мене) земјена патека низ борова шума. Малку пред излезот од шумата имаше едно остро свртување десно кое дел од натпреварувачите го беа пропуштиле, но за среќа како ориентир го имаа езерото каде беше и КТ 1 па сите се појавија таму. 
Следната контрола беше селото Плетвар(КТ 2). Речиси целата должина ја истрчавме заедно со Зоран Димов и Грегорз од Полска. Следуваше најтешкиот дел од целата трка, врвот Козјак(КТ 3) каде ја почуствувв и првата криза па испив еден гел. Пешачењето ми дојде баш убаво па фатив приклучок со Зоки и до врвот се издвоивме доволно од остантите. Спуштањето од Козјак го направивме многу внимателно поради каменестиот терен. Во Крстец(КТ 4) не послужија со сусамка и мед. Ореовец (КТ4) се наоѓаше на околу 4км и водеше благо спуштање па немавме никакви проблеми. Она што требаше да биде благо искачување кон манастирот Свети Ѓорги (КТ5) баш не изнамачи.