Next race: www.highscardusultra.com

Wednesday, October 31, 2012

ПОДГОРИЧКИ МАРАТОН 2012

Ниту најавените лоши временски услови за време на викендот не не поколебаа да земеме учество на Подгоричкиот маратон и полумаратон. Околу четериесетина тркачи од Македонија решија да ги пробаат силите на овие две дисциплини. И единствента оптимистичка прогноза падна во вода денот кога пристигнавме. Некои најававија дека по такво време нема шанси да трчаат. Сепак и тоа беше ретка шанса да се трча по таков дожд па сите си ја искористија. Најуспешни македонци во полумаратонската трка беа Кокан Ајановски на 11 место со време од 1:17:35 во машка конкуренција и Марија Блажевска на 7 место со време од 1:38:47 во женска конкуренција. Моето време на полумаратонската трка беше 1:27:54 и пласман на 28 место. Во маратонската трка најуспешен македонски натпреварувач беше Трпе Мартиновски на 16 место со време од 2:57:58.    

Паралелно со Подогоричкиот маратон се одввиваше и Љубљанкиот маратон каде учествуваа околу триесетина македонски натпреварувачи. Учество земаа и членовите на А.К. Брегалница од Штип. Ристе Лазаров беше најдобро пласиран македонски маратонец со личен рекорд од 2:59:39 и се пласираше на 70 место. Зоран Саздов патеката ја помиина за време од 3:05:48 и се пласираше на 89 место. Миле Нацев полумаратонската трка ја заврши со време од 1:22:43. 


No comments:

Post a Comment