Првачето на КМУТ оваа година беше поделено во два дела. Саботата трките на 60км и 33км а во неделата трката на 18км и уште една дополнителна трка за основците од 1750м.
Трките на 33км и 60км се одвиваа паралелно. Стартот беше закажан во 8:30, релативно рано за стартот да биде посетен од што повеќе луѓе, но со оглед на должината на патеката и нејзината тежина ќе немавме замерка и до колку биде порано. На стартот се појавија околу 40 натпреварувачи во двете дисциплини. За само неколку минути улиците на градот Прилеп ни припаѓаа само нам, тркачите, се додека не излеговме од градот и се упативме кон седлото на ридот Кукул и Мермерното Езеро. На тој потег се наогаше и најубавиот дел за трчање (за мене) земјена патека низ борова шума. Малку пред излезот од шумата имаше едно остро свртување десно кое дел од натпреварувачите го беа пропуштиле, но за среќа како ориентир го имаа езерото каде беше и КТ 1 па сите се појавија таму.

Следната контрола беше селото Плетвар(КТ 2). Речиси целата должина ја истрчавме заедно со Зоран Димов и Грегорз од Полска. Следуваше најтешкиот дел од целата трка, врвот Козјак(КТ 3) каде ја почуствувв и првата криза па испив еден гел. Пешачењето ми дојде баш убаво па фатив приклучок со Зоки и до врвот се издвоивме доволно од остантите. Спуштањето од Козјак го направивме многу внимателно поради каменестиот терен. Во Крстец(КТ 4) не послужија со сусамка и мед. Ореовец (КТ4) се наоѓаше на околу 4км и водеше благо спуштање па немавме никакви проблеми. Она што требаше да биде благо искачување кон манастирот Свети Ѓорги (КТ5) баш не изнамачи.
Цела среќа што на контролната имаше супа па после испиени 5 чаши продолживме со споро пешачење кон Дервенскиот превој. Од таму не водеше стрмно спуштање до езерцата пред Небрегово (КТ 6) каде што дел од маркациите беа искинати па со Зоки повторно ги поставивме на своите места. После толку спуштања и искачувања асфалтот и рамните делови некако не ми годеа. Затоа пак следуваше остро свртување во лево кон Горно Село ( и овде некои од натпреварувачите го пропуштиле свртувањето) кое по козји патеки, а потоа и по широк колски пат водеше право до чешмата во Горно Село (КТ 7). Убаво освежување кое требаше да трае се до манастирот Трескавец. Веќе бев доста уморен и трчањето по угорнина тешко ми паѓаше но сепак успешно се „шлепав“ позади Зоки кој делуваше неуморно. Да бев сам веројатно на некои делови немаше ни да помислам на трчање но во двојка е се некако послесно. Стрмното искачување кон Трескавец (КТ 8) си го зеде својот данок и обајцата останавме без вода, но среќа двајца волонтери ни притрчаа со шишиња вода. Остануваше уште спуштањето до Слончето/ финишот, околу 7км, и со самото тоа се наметна прашањето околу победникот. Решивме да влеземе заедно во финишот што би било некако реално после сите поминати километри заедно. Знаевме дека ќе створиме мала забуна околу тоа кој би бил вистинскиот победник но затоа се договоривме Зоки да го заземе првото место. Сепак ми беше чест да бидам на второто место позади таков човек и атлета, учесник на многу ултрамаратони, светски и европски првенства.
Резултатите од трките на 60км и 33км можете да ги погледнете овде:
Наредниот ден се одржа трката на 18км. Резултатите можете да ги погледете овде:
И после овој КМУТ сите (организатори, волонтери и натпреварувачи) можеме да бидеме горди на еден ваков настан. Се надевам дека КМУТ ќе живее уште многу години и од година во година ќе биде се поголем и би го достигнал нивото на големите европски и светски ултрамаратони!
Повеќе фотографии на линкот:
No comments:
Post a Comment