Next race: www.highscardusultra.com

Monday, June 23, 2014

Olympus Marathon(29.06.2014)

Единаесетиот Olympus Marathon беше доволна причина да се појде во Грција и да се земе учество на овој добро познат маратон. Честа ја имав да бидам таму со Кире Наунчевски  и ПСД Макпетрол. Трката беше закажана за недела а ние пристигнавме во петокот заедно со екипата од ПСД Макпетрол која во план имаше искачување на Митикас. Саботата додека тие се искачуваа кон Митикас ние отидовме да ги подигнеме нашите стартни броеви во Литохоро каде што беше финишот. Во непосредна близина на Музејот за наутика, каде што беше регистрацијата, се одржуваше и саем на спортска опрема со најпознатите светски брендови(Salomon, La Sportiva, Hoka One One, Dynafit, Pearl Izumi, Inov8, Power Bar, Camelback...). Завршивме со регистрацијата и повторно се вративме во Лептокарија искористувајќи го остатокот од времето за плажа и одмор. Неколку часа пред полноќ се вратија и нашите колеги од врвот полни со имресии.

Friday, June 20, 2014

Ultra Trail Stara Planina 120k(13-14.06.2014)

Оваа година Копрен 24h се трансформираше во три трки од 35k, 72k и 122k и велосипедска трка на 24h. Стартот и овoј пат беше од селото Дојкинци сместено во подножјето на Стара Планина. Нашата екипа TREX-ери најголем интерес пројави за најдолгата трка освен Петар и Љубиша кои стартуваа на 72. Стартот и на двете трки беше закажан на полноќ. На најдолгата трка имаше пријавено околу четериесетина додека на средната патека околу триесетипет натпреварувачи. Како по обичај на ваквите трки пред старт добивме инструкции околу патеката: вода, храна, маркации, поважни делови итн...  

Thursday, June 19, 2014

Маврово(08.06.2014)

Се упативме кон Марово со цела да направиме преглед на некои идни патеки за трчање и евентуално некоја трка, можеби планински маратон или ултра. Секако во преден план беше чистење на патеката која наредниот викенд би се користела за претстојниот тим билдинг за трчање и планински велосипедизам. Во склоп на тоа решивме да си направиме и краток тренинг на прекрасните терени на Маврово. Изборот падна прво на тренингот па затоа четворицата(Светле, Трајче, Борче и јас) најпрво се упативме по асфалтниот пат кон село Никифорово а веднаш потоа го фативме првото земјено одвојување во десно т.е. патеката кон Старо Маврово. Се движевме по тој пат со мали исклучоци за да испитаме евентуално некој подобар пат. Малку низ низ ливади малку низ шума фативме еден тревнат пат кој веројатно се движеле џипови одамна кој не донесе на велосипедската патека од Леуново кон Маврово. Од таму си фативме по ски терените и се спуштивме во Маврово каде не пречекаа нашите домаќини, фамилија Петрови. Убаво одморивме и решивме да тргнеме во маркирање на патеката. За среќа дилемата дали натпреварувачите ќе треба да се спуштаат по ски патеката набрзо ја разреши Љубиша Кондев, планински велосипедист, кој исто така беше во испитување на патеката и во меѓувреме беше пикирал една многу интересна и побезбедна патеката. Со тоа беше решен и најголемиот проблем кој го имавме па остана само маркирањето и чистењето на патеката на некои делови. Се надевам дека натпреварувачите уживале во патеката!

Thursday, June 12, 2014

Љуботен(06.06.2014)

Денот на духови или официјално неработниот ден го искориситвме за еден јак тренинг на до врвот Љуботен. Јовица и јас бевме со намера да трчаме додека Ѓоре се одлучи за пешачење. Стартот го направивме од Старо Село и до планинарскиот дом трчкавме исклучиво по широкиот земјен пат. Имавме намера два пати да се искачиме на Љуботен од планинарскиот дом. Првиот пат пред излезот на самиот срт наидовме на многу силен и студен ветар кој за малку ќе не поколебаше барем еднаш да се качиме. Сепак на спуштањето се загеравме доволно користејќи ги местата кои дозволуваа трчање надолу. За среќа вториот пат наидовме на подобри услови и пејсажи.
Ова се временските движења
Старо Село - пл. дом Љуботен 6.39k 56:59 со 703m +D
пл. дом Љуботен - врв Љуботен 3.77k 1:00:51 со 851m +D
врв Љуботен - пл. дом Љуботен 3.73k 37:42 со 836m -D
пл. дом Љуботен - врв Љуботен 3.84k 1:08:05 со 849m +D
врв Љуботен - пл. дом Љуботен 3.89k 38:16 со 835m -D и 
пл. дом Љуботен - Старо Село 6.57k 35:12.9 со 22m +D и 744m -D
Вкупно 28.19k со 2426m +D.

Wednesday, June 11, 2014

Salomon Vitosha Trail(24.05.2014)

Некако логично по Соколов Пут во Србија се надоврза и оваа трка. Целиот наста опфаќаше 3 трки и тоа на 27k со 1294m +D, 12k со 556m +D и 4k со 150m +D. Најголем интерес пројавивме за најдолгата патека освен Марјан Бонев кој трчаше на 12k. Стартот за сите натпреварувачи беше од хижа Алеко. Најдолгата рута водеше преку Черни Врх, хижа Боерица, хижа Момина Скала, Бај Карсто и финиш на хижа Алеко. Трката изобилуваше со доста технички делови на места покриена со снег под кој се криеа огромни камени блокови. Пунктовите беа одлично опремени со храна и течности а патеката добро измаркирана. Одличната организација на бугарските трки ни е добро позната на што веќе и навикнавме исто како и на одличната спремност на бугарските натпреварувачи. Постигнавме солидни резултати на трката од 27k додека Марјан Бонев успеа да стигне како трет во генерален пласман и втор во својата категорија. Учеството го искористивме и за промоција на Krali Marko Trails.