Next race: www.highscardusultra.com

Tuesday, July 21, 2015

Старо Село-Попова Шапка/Љуботен-Титов Врв(17.07.2015)

По минатогодишниот половичен успех на оваа трансверзала решивме да направиме уште еден обид кој за среќа беше успешен. Стартувавме тројца, Јовица Јованчев, Александар Симјаноски и јас, од Старо Село утрото околу 4:30. Љуботен го искачивме за околу 2 часа и 10 минути. До Пирибег си ја фативме патеката која по изохипса води под гребенот и кога веќе се губеше патеката тргнавме во искачување на седлото под Пирибег. 

Љуботен

Thursday, July 16, 2015

Besna Kobila Sky Race(11.07.2015)

Стигнавме ден пред трката во Врањска Бања и се сместивме во основното училиште во спортската сала. Стартот беше закажан за утредента во точно во 08:00. Инаку по кажувањето на мештаните во Врањска Бања се наоѓа вториот наjтопол извор во светот со 96 Ц.
Стартот беше од центартот во Врањска Бања до третиот највисок врв во Србија, Бесна Кобила 1923м. Натпреварувачи имаше во две категории, тркачи и планинари.
Почетниот дел од патеката беше по стрмен асфалтен пат кој потоа продолжуваше во широк земјен пат со исклучок на некои кратења. На патеката постоеше планинарска маркација и црвено-бели ленти кои недостигаа на некои клучни свртувања поради што се случија неколку излети надвор од патеката. Како што одминуваа километрите патеката се стеснуваше на места обрасната и со висока трева, доста напорна за движење, се до платото Мусуљ од каде до врвот повторно имаше широк земјен пат.

Friday, July 3, 2015

Митикас и Олимп Маратон(27-28.06.2015)

Сабота. Искачувањето кон Митикас се решивме да го направиме преку домот Петроструга, врвот Скурта и Платото на Музите. Прогнозата најавуваше дожд и снег на повисоките места но освен слаби провејувања на снег, студ  и намалена видливост не искусивме нешто друго. Од платото на Музите се упативме кон домот Апостолидес и од таму кон Зонарија до кулоарчето под Митикас. По мало колебање петмината се упативме нагоре кон врвот. Таму веќе  нашите колеги од ПСД Макпетрол и некое време уживавме во заедничкото друштво. Спуштањето го направимве преку Сколио, домот A и во Прионија. Се на се имавме прекрасен ден поминат на една импресивна планина. Морето беше неодминлово, па по едно кратко капење(осолување) решивме дека потребен ни е добар одмор за утрешниот ден. Барајќи интернет за инфо мислите ни беа во Кортина каде нашите колеги настапуваа на Лаваредо Ултра Трејл и Кортина Трејл.