Next race: www.highscardusultra.com

Thursday, July 16, 2015

Besna Kobila Sky Race(11.07.2015)

Стигнавме ден пред трката во Врањска Бања и се сместивме во основното училиште во спортската сала. Стартот беше закажан за утредента во точно во 08:00. Инаку по кажувањето на мештаните во Врањска Бања се наоѓа вториот наjтопол извор во светот со 96 Ц.
Стартот беше од центартот во Врањска Бања до третиот највисок врв во Србија, Бесна Кобила 1923м. Натпреварувачи имаше во две категории, тркачи и планинари.
Почетниот дел од патеката беше по стрмен асфалтен пат кој потоа продолжуваше во широк земјен пат со исклучок на некои кратења. На патеката постоеше планинарска маркација и црвено-бели ленти кои недостигаа на некои клучни свртувања поради што се случија неколку излети надвор од патеката. Како што одминуваа километрите патеката се стеснуваше на места обрасната и со висока трева, доста напорна за движење, се до платото Мусуљ од каде до врвот повторно имаше широк земјен пат.



Стартував прилично споро и полека се приближив до водечките Кристија, Душан, Милован и Филип Тумановски. Со Филип имавме прилично усогласено темпо и решивме да продолжиме заедно. На рамните делови и ретките спуштања се обидувавме да направиме некаква предност пред останатите. Некаде на средина од патетака не престигна Кристијан кој имаше додадено плус 2км што беше доказ за неговата супериорност. Искачувањето кон Мусуљ ми беше премногу напорно па решив да успорам и овде Филип веќе беше на втора позиција а во меѓувреме ме поминаа Душан и Милован. Само што се израдував за Филип и второто место на спуштањето од Мусуљ го видов како се бори со грчевите во нозете па застанав за миг да му помогнам. Битката за место отпадна па остануваше битката за што подобро време. На крај финиширав со време од 2:51:58.


Она што фасцинира овде како и на сите планински трки беше природата. Она што усшеавме да го видиме трчајќи кон Бесна Кобила секако дека е премалку па останува да го посетиме овој прекарасен предел. Пофалба и до организаторите и волонтерите за вложениот напор и пружената можност да уживаме во Бесна Кобила.

No comments:

Post a Comment