Next race: www.highscardusultra.com

Tuesday, January 2, 2018

Беласица Скај Ран (07.10.17)

Сите прогнози за тој ден најавуваа многу дожд. Разликата беше периодот во кој најмногу би се случувало тоа. А се случуваше околу 10 часа од стартот на трката кој беше во 6 наутро со старт од с.Смоларе. Одложување или некоја скратена верзија не беше предвидена. Многумина од пријавените не дојдоа, некои и не стартуваа. Затоа би ја вброил во неколкуте  хард кор трки на кои сум бил, како првиот УТМБ со Трајче и второто учество на Персенк заедно со Јовица.