Next race: www.highscardusultra.com

Monday, May 26, 2014

Равна Река-Ченгино Кале, Пехчево(18.05.2014)

Некои акции/трчања со право се повторуваат секоја година. Најмногу заради убавините кои ги нудат пределите каде што трчаме. Една од тие е и Равна Река-Ченгино Кале. И оваа година во организација на ПСД Макпетрол неколку стотици уживатели во природара повторно се одлучија да го посетат овој извонредно убав крај. Некои од нас пак се одлучија со трчање да видат што повеќе од тие убавини. Патеката за трчање беше скоро идентична со онаа од претходната година и уште повозбудлива имајќи ги во предвид временските услови. не успеавме да го одмине дождот кој упорно паѓаше се до нашето пристигнување на Ченгино Кале каде пак за кратко уживавме под сончевите зраци и погледите наоколу. На спуштање задолжително е посетата на попатните водопади која и овојпат не изостана. За крај следуваше вкусно гравче и добра дружба!  

Thursday, May 15, 2014

Соколов Пут (10.05.2014)

Од Македонија тргнавме тројца, Трајче, Марјан и јас. Прво издание на Соколов Пут и доволно добра причина да бидеме таму. Нашите вредни пријатели од udruzenjefreestylera додадоа уште една трка во нивниот календар. Соколов пут беше конципиран како Sky race со 22k и 2074m +D, имајќи ги во предвид пропозициите за ваквите трки, со старт во Нишка Бања и финиш на врвот Трем(1810m), Сува Планина. Освен искачувањето на Трем потребно беше искачување и на Мосор(984m) и Соколов Камен(1523m).