Next race: www.highscardusultra.com

Wednesday, January 29, 2014

СКОПЈЕ ХОРИЗОНТАЛ (26.01.2014)

На иницијативата на Трајче се одзваа околу дваесетина тркачи/ки. Дел од групата ја имаше истрчано оваа целата рута претходната недела. Вкупната должина на патеката беше 30к но секој можеше да се приклучи од некое определено место и со тоа да си ја одреди посакуваната должина. Стартот беше од мостот Близнак во Аеродром/Ново Лисиче и речиси се по кеј на Вардар се трчаше до Влае. Од таму преку Козле и Нерези до Средно Водно и Марково Крувче па во Кисела Вода и повторно до мостот Близнак. Се трчаше по студено време и на моменти провејуваше и слаб снег.

Wednesday, January 22, 2014

ЦЕРИПАШИНА ВЕРТИКАЛ К #3 (12.01.2014)

За разлика од претходните два пати овој вертикал километар се одржа по снег. И за прв пат како организатори се појавија ПСД Макпетрол и здружението TREX. За среќа немаше премногу снег и движењето не беше премногу отежнато а некои делови беа и малку подмрзнати па бараа дополнителен прибор како мини крампони. Временските услови и овој пат идеални како за вакво натпреварување. За медиумската покриеност на овој настан се погрижи ТВ КИСС од Тетово за што емитуваа и прилог. Бројот на натпреварувачи видно зголемен за разлика од претходните два настана што осебено радува. Како и на претходниот Церипашина вертикал К #2 најбрз беше Марјан Бонев со одлично време од 59:13. Во женска конкуренија пак најбрза беше Светлана Стојаноска со време од 1:39:45.

Monday, January 13, 2014

ЛАБУНИШТА ДО НЕРЕЗИ И НАЗАД(07.01.2014)

За да бидат празничните денови уште поубави решивме со Светле да направиме едно долго трчање низ струшките села. Јас уште од дома нацртав една рута која водеше до селото Нерези, родното село на мајка и. Светле со задоволство ја прифати оваа понудена рута бидејќи подолго време го немаше посетено Нерези а исто така беше предизвик за неа и мене да стигнеме до таму трчајќи. Предвидената рута беше околу 16k во еден правец. За старт го одбравме селото Лабуништа најмногу поради исполнувањето на предвидената должина а според мене најсоодветен би бил стартот од Бороец поради избегнувањето на гужвата која владее во Лабуништа. Речиси целата рута е по асфалтен пат со мал исклучок на влезот во Нерези. По пат уживавме во прекрасните погледи кон Глобочица, Јабланица, селата низ кои поминавме... 

Thursday, January 2, 2014

СРЕЌНА НОВА 2014(И СТАТИСТИКА ЗА ПРЕТХОДНАТА)

Ви посакувам многу истрчани километри, многу искачени врвови многу дружба и што подолго да ја задржите оваа позитивна атмосфера која владее деновиве! Да бидете што повеќе и подолго во природа оваа година бидејќи таму и припаѓаме!
Претходната година за мене беше повеќе од успешна. Пет ултранаратони, два маратона, четири полумаратони, неколку пократки и стрмни трки... Преточено во километри тоа би изгледало вака:
- вкупно километри во трчање 2591k  со 68826m +D од кои 1740k трејл трчање и 802k на асфалт;
- вкупно километри поминати во пешачење на планина 133k со 7704м +D;
- вкупно километри на велосипед 398k.
Секако остануваат неколку десетици можеби стотина километри незапишани во мојот уред. Но најдрагоцено е времето потрошено со Вас на овие километри! За многу убави постови и оваа година!
Среќна Нова Година од Попова Шапка!
П.С. Вчера(01.01.2014) со Светле го направивме и првото трчање за оваа година. Од Смрека до Јелак и назад. Засега останува најубаво трчање за оваа година. 

*фотографија на Петар Герасимов