Ви посакувам многу истрчани километри, многу искачени врвови многу дружба и што подолго да ја задржите оваа позитивна атмосфера која владее деновиве! Да бидете што повеќе и подолго во природа оваа година бидејќи таму и припаѓаме!
Претходната година за мене беше повеќе од успешна. Пет ултранаратони, два маратона, четири полумаратони, неколку пократки и стрмни трки... Преточено во километри тоа би изгледало вака:
- вкупно километри во трчање 2591k со 68826m +D од кои 1740k трејл трчање и 802k на асфалт;
- вкупно километри поминати во пешачење на планина 133k со 7704м +D;
- вкупно километри на велосипед 398k.
Секако остануваат неколку десетици можеби стотина километри незапишани во мојот уред. Но најдрагоцено е времето потрошено со Вас на овие километри! За многу убави постови и оваа година!
Среќна Нова Година од Попова Шапка! |
П.С. Вчера(01.01.2014) со Светле го направивме и првото трчање за оваа година. Од Смрека до Јелак и назад. Засега останува најубаво трчање за оваа година.
*фотографија на Петар Герасимов
*фотографија на Петар Герасимов
No comments:
Post a Comment