За разлика од претходните два пати овој вертикал километар се одржа по снег. И за прв пат како организатори се појавија ПСД Макпетрол и здружението TREX. За среќа немаше премногу снег и движењето не беше премногу отежнато а некои делови беа и малку подмрзнати па бараа дополнителен прибор како мини крампони. Временските услови и овој пат идеални како за вакво натпреварување. За медиумската покриеност на овој настан се погрижи ТВ КИСС од Тетово за што емитуваа и
прилог. Бројот на натпреварувачи видно зголемен за разлика од претходните два настана што осебено радува. Како и на претходниот Церипашина вертикал К #2 најбрз беше Марјан Бонев со одлично време од 59:13. Во женска конкуренија пак најбрза беше Светлана Стојаноска со време од 1:39:45.
|
Ден претходно ја измаркиравме патеката |
|
Вечерта пријвавуање на пристигнатите во ПД Смрека |
|
Јовица пред целта |
|
Светле кон финишот и Марјан на слегување |
|
„Неофицијални“ резултати |
No comments:
Post a Comment