За да бидат празничните денови уште поубави решивме со Светле да направиме едно долго трчање низ струшките села. Јас уште од дома нацртав една рута која водеше до селото Нерези, родното село на мајка и. Светле со задоволство ја прифати оваа понудена рута бидејќи подолго време го немаше посетено Нерези а исто така беше предизвик за неа и мене да стигнеме до таму трчајќи. Предвидената рута беше околу 16k во еден правец. За старт го одбравме селото Лабуништа најмногу поради исполнувањето на предвидената должина а според мене најсоодветен би бил стартот од Бороец поради избегнувањето на гужвата која владее во Лабуништа. Речиси целата рута е по асфалтен пат со мал исклучок на влезот во Нерези. По пат уживавме во прекрасните погледи кон Глобочица, Јабланица, селата низ кои поминавме...
Поглед кон Глобочица |
Чрвени извори после село Бороец |
Поглед кон Јабланица |
По пат има повеќе чешми и извори |
Чешмата на влезот во Нерези |
Пред родната куќа на тетка Снежана |
Поглед од куќата кон Јабланица |
Следен пат до Луково |
Голем број на цркви и манастири по пат |
Тешко да ги одвоиш очите од Јабланица |
Ѕвонарот на манастирот Св. Петка |
Св. Петка с.Јабланица |
Една од многуте прекрасни градби |
Конечен биланс: 37.9k со 1432m +D |
Повеќе фотографии на линкот:
No comments:
Post a Comment