Next race: www.highscardusultra.com

Tuesday, December 25, 2012

ТИТОВ ВРВ (22.12.2012)

И така ние ден после крајот на светот се одлучивме повторно да пробаме да се искачиме на Титов Врв. Откако се појавија првите знаци од сонцето, морето од облаци го покриваше целиот свет и како доказ за неговот постоење гордо се издигаа сите планини на хоризонтот, а Шара ни ги даде сите врвови на дланка, најубавото од неа. Ден створен за таква долга тура. 
Тргнавме малку колебливо околу 5:30

Friday, December 21, 2012

TRAIL SNOW RUN(S)

Конечно се израдувавме и на снегот што падна деновиве. За некои беше проблем за некои радост. Јас сум дефинитивно во вториве. Во околината на Штип паднаа околу 10 цм таман колку за трчање. Тоа беше повод за неколкуте трчања кои што ги направив по снегот. Трчав кога паѓаше снег, кога утрата беа многу ладни, околу -15 C, трчав некогаш и два пати на ден, трчав и во темница... Снегот веќе го нема по ридовите но во исчекување сме на нов бран снег и нови снежни трчања по ридовите околу Штип. 

Само што почна да паѓа снег. Со Буш на Струмина Чешма

Thursday, November 8, 2012

Тимфи, Пинд Грција


Тимфи е планина дел од планинскиот венец Пинд во североисточна Грција. Масивот Тимфи ја вклучува на својот јужен дел и клисурта Викос и тие го формираат националниот парк Викос-Аос. Планината е опколена со повеќе масиви кои го формираат делот од венецот на Северен Пинд. Севеисточно од Тимфи се наоѓа највисокиот врв на Пинд, Смоликас. На планината Тимфи се наоѓаат повеќе врвови што се издигаат над 2400 м. Од запад кон исток најистакнати се Астрака 2436м, Плоскос 2377 м, Камила 2497 м, Камила 2 2480 м, Картерос 2478, Голема Литариа 2467 м, Црвена Чука 2397 м (мојот смешен буквален превод на македонски), Коура 2466 м.
Езерото Драколимни и врвот Камила

Wednesday, October 31, 2012

ПОДГОРИЧКИ МАРАТОН 2012

Ниту најавените лоши временски услови за време на викендот не не поколебаа да земеме учество на Подгоричкиот маратон и полумаратон. Околу четериесетина тркачи од Македонија решија да ги пробаат силите на овие две дисциплини. И единствента оптимистичка прогноза падна во вода денот кога пристигнавме. Некои најававија дека по такво време нема шанси да трчаат. Сепак и тоа беше ретка шанса да се трча по таков дожд па сите си ја искористија. Најуспешни македонци во полумаратонската трка беа Кокан Ајановски на 11 место со време од 1:17:35 во машка конкуренција и Марија Блажевска на 7 место со време од 1:38:47 во женска конкуренција. Моето време на полумаратонската трка беше 1:27:54 и пласман на 28 место. Во маратонската трка најуспешен македонски натпреварувач беше Трпе Мартиновски на 16 место со време од 2:57:58.    

Friday, October 19, 2012

KMUT 2012

Првачето на КМУТ оваа година беше поделено во два дела. Саботата трките на 60км и 33км а во неделата трката на 18км и уште една дополнителна трка за основците од 1750м.
Трките на 33км и 60км се одвиваа паралелно. Стартот беше закажан во 8:30, релативно рано за стартот да биде посетен од што повеќе луѓе, но со оглед на должината на патеката и нејзината тежина ќе немавме замерка и до колку биде порано. На стартот се појавија околу 40 натпреварувачи во двете дисциплини. За само неколку минути улиците на градот Прилеп ни припаѓаа само нам, тркачите, се додека не излеговме од градот и се упативме кон седлото на ридот Кукул и Мермерното Езеро. На тој потег се наогаше и најубавиот дел за трчање (за мене) земјена патека низ борова шума. Малку пред излезот од шумата имаше едно остро свртување десно кое дел од натпреварувачите го беа пропуштиле, но за среќа како ориентир го имаа езерото каде беше и КТ 1 па сите се појавија таму. 
Следната контрола беше селото Плетвар(КТ 2). Речиси целата должина ја истрчавме заедно со Зоран Димов и Грегорз од Полска. Следуваше најтешкиот дел од целата трка, врвот Козјак(КТ 3) каде ја почуствувв и првата криза па испив еден гел. Пешачењето ми дојде баш убаво па фатив приклучок со Зоки и до врвот се издвоивме доволно од остантите. Спуштањето од Козјак го направивме многу внимателно поради каменестиот терен. Во Крстец(КТ 4) не послужија со сусамка и мед. Ореовец (КТ4) се наоѓаше на околу 4км и водеше благо спуштање па немавме никакви проблеми. Она што требаше да биде благо искачување кон манастирот Свети Ѓорги (КТ5) баш не изнамачи. 

Thursday, September 6, 2012

UTMB 2012

UTMB, UTMB, UTMB... Десетиот по ред UTMB. Ова беше настанот за кој многу зборувавме со Трајче и нашите колеги, за кој трениравме, кој го пребарувавме на нашите компјутери, кој буквално не плени целиот овој период. Настан што привлекува учесници од 74 земји, еден од најпопуларните ултрамаратони во светот (во  Европа дефинитивно најпопуларен), беспрекорно организиран и уште многу епитети коишто можат да му се залепат на овој ултрамаратон. Уживањето од изгледаните видеа,не знам колку и колкупати повторувани, требаше со Трајче да го доживееме на самото место. Многу работи одеа во наш прилог освен временските услови.
Работите се случуваа вака:

Monday, July 23, 2012

Lavaredo Ultra Trail 120 km 6.000 m+

Еве со едно големо задоцнување стигнува и мојот извештај за Lavaredo Ultra Trail што поради немарност што поради проблеми со нашиот сајт. Во Кортина стигнавме ден пред трката каде целото гратче дише во ритамот на овој настан . Наредниот ден со Трајче отидовме да ги подигнеме стартните броеви и остатокот од денот го резервиравме за одмарање. Овогодинешната трка беше претрптела неколку измени за разлика од ланската.Стартот беше од Кортина наместо од Ауронцо, трасата  беше подолга за некои 30км а со тоа и поголема позитивна висина за искачување, имаше водедено нови делови на трасата  и наместо штафетата од претходната година за оваа година имаше воведено трка  Cortina Trail(50km, 2500 m+)  која стартуваше наредниот ден.

Пред стартот со Трајче

Tuesday, May 8, 2012

СКОПСКИ МАРАТОН 2012

На Скопскиот маратон  кој се одржа на 06.05.2012 година натпреварувачите од АК Брегалница ги освоија следниве места. На маратонската трка Ристе Лазаров го освои осмото место во генерален пласман и втор како македонски натпреварувач со време од 3:01:58, единаесето место за Зоран Саздов и четврти како македонски натпреварувачсо време од 3:13:35.