Конечно се израдувавме и на снегот што падна деновиве. За некои беше проблем за некои радост. Јас сум дефинитивно во вториве. Во околината на Штип паднаа околу 10 цм таман колку за трчање. Тоа беше повод за неколкуте трчања кои што ги направив по снегот. Трчав кога паѓаше снег, кога утрата беа многу ладни, околу -15 C, трчав некогаш и два пати на ден, трчав и во темница... Снегот веќе го нема по ридовите но во исчекување сме на нов бран снег и нови снежни трчања по ридовите околу Штип.
|
Само што почна да паѓа снег. Со Буш на Струмина Чешма
|
|
Река Отиња близу селото Липов Дол и тестирање на нова патека |
|
Вака изгледаа ридовите околу Штип. Белина, милина. |
|
Изгазени патеки, спремни за трчање |
|
Некаде пред селото Липов Дол покрај Отиња |
|
Беше темница па ова е од наредното утро. Пред спуштањето за Липов Дол |
Update 23.12.2012
Еве уште некое фото од денешното трчање на Водно.
|
Накај бункерите |
|
Од бункерите накај детското |
No comments:
Post a Comment