Next race: www.highscardusultra.com

Thursday, November 8, 2012

Тимфи, Пинд Грција


Тимфи е планина дел од планинскиот венец Пинд во североисточна Грција. Масивот Тимфи ја вклучува на својот јужен дел и клисурта Викос и тие го формираат националниот парк Викос-Аос. Планината е опколена со повеќе масиви кои го формираат делот од венецот на Северен Пинд. Севеисточно од Тимфи се наоѓа највисокиот врв на Пинд, Смоликас. На планината Тимфи се наоѓаат повеќе врвови што се издигаат над 2400 м. Од запад кон исток најистакнати се Астрака 2436м, Плоскос 2377 м, Камила 2497 м, Камила 2 2480 м, Картерос 2478, Голема Литариа 2467 м, Црвена Чука 2397 м (мојот смешен буквален превод на македонски), Коура 2466 м.
Езерото Драколимни и врвот Камила
Загориа е планински регион што вклучува 46 села сите со традиционална архитектура и опколени со природни убавини. Лоцирани во планините над Јанина пружаат извонредни пејсажи. Западниот дел на Загориа ги вклучува популарните села Папиго и Микро Папиго, Аристи, Викос, Агиос Минас и Месувони кои ја опкружуваат долината на реката Воидоматис.
Врвот Камила
Уште пред да тргнеме некако ми се мешаа сите тие поими( Загориа, Пинд, Викос-Аос,Тимфи) поради што се обидов да ги појаснам погоре.

Астрака
Пристигнавме утрото во саботата (03.11.2012) во селото Микро Папиго и веднаш се упативме кон планинарскиот дом каде требаше да ја помине наредната ноќ. Се поделивме во неколку групи скоро сите со иста цел, посета на езерото Драколимни(2003 м) и искачување на Камила(2497 м),  највисокиот врв на овва планина и шести по ред во Грција. Со Трајче решивме да пробаме да трчаме колку се може и веднаш по спуштањето од домот по едно кратко но стрмно искачување бевме кај езерото Драколимни. Рајско место опколено со врвови над кое се издига и врвот Камила. Всушност тука се одвива планинската трка Загори па често наидувавме и на маркациите од трката. До врвот Камила до води маркирана планинарска патека. Патеката е доста интересна, покриена на делови со камени плочи и во целиот тој лавиринт од блокови многу лесно може да се загуби патеката. До врвот има едно стрмно искачување по кое се пружа величествен поглед на езерото Драколимни,  долината на реката Аос, Смоликас (вториот највисок врв во Грција со 2637м)... Утредента повторно се поделивме во неколку групи за да посетиме што повеќе места на оваа планина. Една група реши да го посети кањонот на реката Аос од кој сите беа воодушевени,  а другата група се искачи на врвот Астрака кој се наоѓа над самиот планинарски дом. Околу пладне сите бевме кај планираскиот дом спремни за поаѓање назад кон селото Микро Папико. Спуштајќи се со комбето по асфалтниот никако не можевме да ги одлепиме погледите од убавините што ги има овој регион.

No comments:

Post a Comment