Next race: www.highscardusultra.com

Tuesday, September 23, 2014

Среден Камен Вертикал Километар(21.09.2014)

Четвртиот по ред вертикален километар се одржа на најживописна локација до сега, од Горна Лешница до Титов Врв. Она што изненадува беше пријавениот број на натпреварувачи, најмногу до сега. Има најверојатно некоја пропорција помеѓу тежината и пристапноста на теренот и бројот на пријавени тркачи. 
Поради подоготовка на патеката една група на волонтери замина за Горна Лешница од сабота утрото. Ние четворица(Светле, Ангел, Мики и јас) пристигнавме на Попова Шапка доцна поладнето и поради дождот кој упорно паѓаше решивме да преспиеме во Смрека.
Утредента се упативме пеш кон Горна Лешница преку седлото на Плат уживајќи во прекрасните пејсажи на сите страни. Останатите пристигнаа со возила до бачилото од каде по убаво измаркирана планинарска патека се стигнува до Горна Лешница.

Friday, September 19, 2014

UTMB(29-31.08.2014)

Конечно дојде и времто да се тргне кон Шамони. Исчекувањето од шест месеци помина и бевме на прагот од едно неверојатно искуство. Уште од самото пријавување Светле имаше претчуство дека се ќе биде во најдобар ред. „Најдобар ред“ во главно се одвесуваше на времето. После се што поминавме можам да кажам дека беше дефинитивно во право. 
За Шамони покрај Јовица, Светле и јас не придружуваа Христена, Ивана и Ице. Прекрасна екипа која премногу веруваше во сите тројца. На испраќање Марин не „полеа“ со пет литра вода за леснотија.
Во Шамони пристигнавме четири дена пред трката и како по обичај се сместивме во хостелот Alpen Rose, едно пријатно и удобно место во поднежјето на глечерот Босон. Наредниот ден тројцата направивме еден тренинг кој требаше да биде краток но убавината на Шамони и неговата околина просто не го дозволуваат тоа. Затоа наредниот ден Светле реши да одмара па само Јовица и јас трчкавме по улиците на Шамони. Недалеку од хостелот се сретнавме и со Бахадир нашиот пријател ултрамаратонец од Турција.