Next race: www.highscardusultra.com

Friday, December 27, 2013

Попова Шапка-Титов Врв(20-21.12.2013)

Секој ден поминат на планина е вистинско уживање. Уште поголеме е кога тоа ќе биде два дена. Саботата пристигнавме нешто претпладне и веднаш се упативме на ски терените кои не работеа и изобилуваа со тишината која толку ни фали во градовите. За среќа имавме сноуборд и ретка шанса да се проба оваа активност под будното око на Буцевски. Остатокот од денот го искористивме за едно кратко трчање преку викендиците па во правец на домот Јелак и назад. Ноќта ја поминавме по во планинаски дом Смрека во друштво на неколку планинари кои пристигнаа истиот ден.

Бордање!
Малку трчање!
Утредента рано будење во 5:15 со цел да се сретнеме се првата група од Скопје. Со бавно темпо си фативме по Церипашина уживајќи во прекрасниот ден кој се будеше на исток. Како што качувававме на висина така и количината на снег се намалуваше. На повидок беше пролетно искачување и тоа на првиот календарски ден од зимата. Пред Карабунар не претекна Марјан Бонев кој успеа да го искачи врвот за 2:13 и најверојатно тоа е најбрзото искачување во зимски услови. На Бакардан пак не претекнаа Трајче и Алексадар Симјановски. Заедно со Светле и Ангел бевме договорени да го искачиме и Мал Турчин и по гребенот да стигнеме до Титов Врв. Идејата му се допадна и на Трајче кој во друштво на две кучиња веќе беше на Титов Врв додека ние бавно се искачувавме на Мал Турчин. 

Пред Антени
Карабунар
Трајче на Бакардан
На Мал Турчин
Цела Шара на дланка
Титов Врв како да беше претесен за таа бројка на луѓе кога присигнавме таму. Имавме нешто помалку од еден час до пладне, времето за поаѓање назад, и решивме максимално да се препуштиме на уживањето во тој убав ден. 
Назад повторно си фативме бавно темпо се повеќе одолговлекувајќи го спуштањето во Смрека. А таму не чекаше пријатна атмосфера и многу задоволни лица од прекрасниот ден.

No comments:

Post a Comment