Не чекавме долго да помине после
КТМ за да го направиме и првиот тест на патеката за наредната година. Од магливото
Скопје преку Прилеп па назад со селото Оревовец до сончевите падини во
околината на Прилеп. Со трчање започнавне од Оревоец во насока кон селото
Крстец по земјениот пат кој го користат и возилата. Промената на патеката од првобитната
60к е токму во Крстец со насока на движење северо-запад во правец на манастирот
Св. Ѓорѓи. Овде патеката е потесна и на делови обрасната со грмушки и трње, но
затоа пак изобилува и со делови кои ја доловуваат целата убавина на trail running-от.
Од
манастирот трчавме по широк земјен пат се до чешмата кај Прилепското Езеро. Првин
краток спуст, а потоа рамен дел покрај село Присад се до самата чешма. Овде
направивме одвојување идентично со првобитната патеката во правец на Кукул.
Вистинско уживање претставува трчањето низ боровата шума и расфрланите камени
формации на овој дел. Спуштањето од
седлото го направивме по земјените патеки а потоа си фативме малку off road се
додека не се приклучивме на патеката кон манастирот Трескавец но овојпат од
источната страна, неиспитана од наша страна до сега. Убава патека и доста
интересна за трчање. Од седлото пак си ја фативме стандарнданата маркирана
патека и како по обичај си финиширамве кај Слончето. За кратко се спуштивме до
амфитеатарот во подножјето на Марковите кули, место идеално за старт и финиш,
колку да фрлиме некој поглед. Направивме
и одличен тренинг и добар тест на патеката минувајќи 31.46k со 1086m +D.
Стартот од село Оревоец |
Во правец на Крстец |
Угорнините од Крстец кон манастирот Св. Ѓорѓи |
За овие убавини мислев погере во текстот |
Некои замрзнати делови до манастирот |
Манастир Св. Ѓорѓи |
Чешмата на Прилепско Езеро |
No comment! |
Екипата Љубљански маратон |
Поглед кон Дабница |
Исцртани икони на пат кон Трескавец |
Интересни делови за трчање |
Чешмата под Трескавец и поглед кон Златоврв |
No comments:
Post a Comment