Next race: www.highscardusultra.com

Wednesday, July 30, 2014

Љуботен-Титов Врв Обид#1(12-13.07.2014)

Инспирирани од Првата македонска западна трансверзала која што заврши истиот ден решивме да направиме мини трансверзала од Љуботен до Титов Врв или поточно од Старо Село до Попва Шапка преку Титов Врв и Бакардан. Имајќи ја во предвид должината која би изнесувала некаде околу 70k и големото искачување, нешто повеќе од 6000м D+, моравме да тргнеме пред полноќ за да стигмене во разумно време на Попова Шапка.

Старо Село
Од Старо Село тргнавме околу 22:30 и за нешто повеќе од еден час бевме во планинарскиот дом Љуботен каде не почестија со топол чај. До врвот се движевме по стандардната маркирана планинарска патека и еден час по полноќ веќе бевме на врвот. Слегувањето го направивме од страната на Козја Стена и се движевме во правец на Пирибег. Овде Марко поприлично заостана и реши дека најдобро за целата група би било да се врати назад. Така останавме пократки за еден човек. Од таму се редеа врвови, искачувања и спуштања. Освен на некои спуштања речиси и да немавме прилика да трчаме. Особено напорно беше движењето по огромните камени блокови во околоната на Езерски Врв до каде што беа видливи обновените маркации. Данокот овде го плати Александар кој реши да се спушти во едно од околните села. И покрај тоа што бевме решени да не се одвојуваме по никоја цена едноставно при толкава група невозможно e да се одржи ист ритам па затоа дојдоа и овие откажувања. По малку сето ова наликуваше на „најслаба карика“ и прашање на време беше кој ќе биде следниот што ќе се повлече. За среќа до крајот немаше таков.

Пирибег
На еден од многуте врвови
Преубави места за трчање
Црн Врв
Од Црн Врв до Кобилица речиси по целата должина има „сингл трек“ патека по која може да се трча. Вода дополнивме дури на заобиколувањето на Кобилица од поточињата кои беа покрај патот. Се трудевме колку што можеме да трчаме но уморот веќе не престигна на пат кон Караниколица. Освен утрото кога го видовме Титов Врв во далечината речиси цел ден беше во облаци па единствено ни остануваше да се спуштиме кон Вешала каде што завршивме со оваа авантура. Поради честите исклучувања на ГПС-от на крај имавме околу 44k со 3214m D+.
Довидување до следната траверса!

No comments:

Post a Comment