Next race: www.highscardusultra.com

Thursday, July 31, 2014

Беличица-Меденица-Беличица Трејл(20.07.2014)

Старт од селото Беличица преку Суви Дол, Сенечки Езера и искачување до врвот Меденица, највисокиот на Бистра. Стартуваа околу педесетина натпреварувачи. Временските услови идеални како за ваква трка. Задолжително беше да се носи 1л вода до самиот врв каде секој натпреварувач добиваше дополнителни 0,5л вода. Стартнината никогаш не била поефтина и беше само 30 денари. Доказ дека со малку пари и многу љубов и желба може да се организира ваква трка. За среќа на сите имаше доволно волонтери кои се потрудиија околу чистењето на патеката, транспоротот на водата и сите пропратни работи околу трката. Најголемата заслуга е нивна а се останато беше на нас натпреварувачите. Имавме прекрасни терени за трчање и многу позитивна енергија кај сите нас. Си се бодревме и си се смешкавме додека се разминувавме едни со други. 
Технички податоци за патеката: 23.42k, 1163m D+, 1160m D-, најниска точка 1392m и највисока точка 2151m.
Најодговорниот за овој настан, Трајче Панковски
Дуле од ПД Македон кои помогнаа во организацијата
Првите во женска конкуренција
Првите во машка конкуренција
Резултати: http://www.makpetrol.com.mk/Planinari/ReportsMk/BMTrail-2014.asp

No comments:

Post a Comment