Next race: www.highscardusultra.com

Tuesday, August 5, 2014

Штип-викендици на Плачковица(27.07.2014)

Недела како и обично е ден за подолго трчање или некоја авантура во околината. Имав среќа и Светле и да биде во Штип па скроивме план да трчаме од Штип до викендиците на Плачковица каде ќе не чека дел од фамилијата. 
Рано утрото фати јако невреме со силни грмотевици поради што го одложивме будењето некој час за  па така тргнавме околу 9:00 од Плоштад Слобода. Трчавме по течението на река Отиња за кратко се додека не фативме во правец на патот кон Шашаварлија и Никоман. Наидовме на првата чешма, дополнивме доволна количина на вода и фативме кон Никоман, првото попатно село. Имавме мали проблеми со селските кучиња но се помина во ред. Фативме во правец на село Кошево по релативно рамен пат таман за трчање. Само поминавме низ покрај селото и фативме кон село Почивало. Преубаво село сместено на 972m во убава борова шума. На ред беше Кучица до која малку свртивме од првобитната зацртана рута но сепак стигнавме над селото до каде водеше убав стрмен спуст. Дополнивме повторно вода и по стрмното искачување водеше рамен пат се додека не се спуштивме во долот под селото Вртешка и викендиците каде минува мала рекичка низ густо обраснатиот дол. Од таму има речиси уште 1k до викендиците но и доста стрмно искачување. Патеката и овде поради ретките минувачи е доста зарасната но прегледна за движење. 

За разлика од првиот пат оваа патека е доста подобра за трчање, со само 41m D+ и 71m D- помалку со доволно чешми со вода добро распоредени долж патеката. 
Технички податоци: 36k, 1589m D+, 591m D-, највисока точка 1287m и најниска точка 287m.

Старт од плоштад Слобода
По река Отиња
Првата чешма по патот
На излез од село Кошево
Јаловината на Бучим
Кучица
Познаници од претходниот пат
Во долот по с.Вртешка и викендиците

No comments:

Post a Comment