Next race: www.highscardusultra.com

Saturday, June 6, 2015

КМТ-тренинг(29.05.2015)

КМТ или Козјак Трејл како што ќе се имаенува од оваа година беше еден од планираните тренинзи за Јоцо и Дејан за претстојниот Лаваредо Ултра Трејл. Светле, Пирко и јас се појавивме најмногу заради друштво и за да уживаме во патеката која многу ни значи.




Денот идеален за трчање и за чудо доста постуден од минатогодишниот октомвриски КМТ. Светле и Пирко се решија да истрчаат пократка варијанта и тоа од Плетвар до Прилеп преку Козјак, Крстец, Присад, Прилепско Езеро и Трескавец. Јоцо, Дејан и јас тргнавме од амфитеатарот во Варош и тргнавме по стандардната патека кон Трескавец. Не’ отидовме до точно до манастирот туку веднаш се спуштивме кон Дабница па преку Кукул до Прилепското Езеро. Овде на наидовме на мал проблем со надојденоста на езерото па моравме да бараме заобиколен пат. Се упативме по асфалтниот пат во правец на Присад и за кратко свртивме во десно кон манастирот Св. Петка. За кратко повторно бевме на вистинската патека кон Плетвар и стрмното искачување на Козјак. Попатно сретнавме група планинари од ПД Козјак кои ја маркираа патеката за претстојниот марш.


Спуст до Крстец и фативме во правец на Присад. Овде патеката е малку обрасната но сеуште во добра состојба. Попатно налетавме на една лисица која уплашено побегна. Исто така и овде не влеговме во манастирот туку веднаш си фативме кон езерото. Од таму следуваше истиот пат до назад но овој пат во обратна насока. На финишот не’ пречекаа Светле и Пирко кои завршија претходно минувајќи 38км додека ние нешто над 60км. Направивме одличен тренинг за мене најдолг до сега.

Она што е вистинско богатство на патеката е водата која ја има на повеќе места и најпотребна за ваков долг тренинг. 

No comments:

Post a Comment