Првите најави за овој маратон ги здогледавме уште на Фрушкогорскиот маратон кога група луѓе носеше маички со логото на Тара маратон. Досега, барем јас а и поголем дел од остатокот ги немаше посетено тие краеви што беше доволен предизвик да се приклучиме кон оваа авантура. Авантура затоа што целиот настан опфаќаше три трки(Бамби крос, Аква челенџ и Гармин ултра), планинарење и сплаварење по Дрина. Така секој од деветнасет члената екипа си најде своја улога во оваа авантура. Поголем дел од нас беа дојдени со намера да учествуваме во трите трки. Некои се опредлија за Бамби крос(Софија, Тања, Борче, Марјан), некои за Аква челенџ(Петар, Данчо, Ѓоре, Тања Пенева, Илија) и остатокот за Гармин ултра(Трајче, Александар, Јовица и јас). Исто така еден дел од групата се определи за планинарење со водич по прекрасните предели на Тара(Марина, Тена и Војкан), додека во сплаварењето учествувавме сите.
Во Бајина Башта стигнавме во петок, ден пред трката. Од Скопје до Бајина Башта има помалку од 400к но поголем дел се вози по регионални патишта па потребно е околу од 7 часа возење.
Се сместивме во камп(бесплатен) на самиот брег на Дрина. Веднаш до кампот имаше направено и мал базен за капење кој се полнеше со камен ладна вода од самата река.
Пред старт |
На втората контрола, Ослуша, останавме Бојан, Игор и јас. Не можам да кажам дека таму се тркавме. Повеќе си помагавме, трчајќи еден до друг, зборувајќи на угорнините, за што побргу да минуваат километрите.
Нешто пред пладне почна да се чувствува топлото време. Мораше да се внесуваат што повеќе течности. Уште од старт почнав да трчам со две шишиња во рацете и малку храна/гелови околу појас што беше доста позитивна работа за внесување на течности(внесував повеќе од литар електролити/вода помеѓу две контролни точки). Контролните точки беа солидно опремени и со течности и со храна. Од течности се нудеа два вида на електролити, вода и кока кола додека од храна имаше претежно овошје, лубеница(полн погодок), праска, банана, јаболко... Сливи имаше во изобилство по цела патека што дури и крошните се кршеа од нивниот товар.
Бојан и Игор во акција |
Мапа на патеката |
Некаде околу 50к Бојан почна полека да попушта и останавме само Игор и јас. На контрола Вежања, 55к, влеговме заедно но Игор воопшто не се ни задржа. Малку ме фати нервоза кога видов дека сум заборавил да перфорирам на претходната контрола но сепак постоеја контролори кои ги забележуваа пристигнувањата и немаше место за паника. Во целото брзање заборавив да ги земам и геловите кои уште пред стартот ги спакував во ранец. Организаторот нудеше можност за транспорт и одложување на било каква опрема до и од оваа контрола.
Спуст до езерото Заовине и минување низ еден од најубавите делови на патеката. Се движевме заедно со Игор некаде до 60к користејќи ги благите угорнини за трчање. Овде почна и Игор да успорува и останав сам уште повеќе мотивиран да финиширам што побргу. Можеби затоа и промашив едно свртување но бргу го сфатив тоа и за кратко се вратив повторно на патеката.
98k, 4047m +D |
И така се редеа контролите, Милошевац, Шљивовица, Калуџерске Баре... Од Шљивовица до Калуџерске Баре патеката минува низ многу живописен дел покрај потоци, рекички, некое езерце, дрвени мовчиња... Рај за трчање преку ден.
Угорнина, малку рамница и потоа како добредојден беше најдолгиот спуст до манастирот Рача. По мојот часовник веќе имав изминато 90к и остануваа уште неколку прсти. Доживеав мало разочарување кога ми кажаа дека остануваат уште 12k. До Чолаков Брег имаше 4,5k со 400m +D кои добро ме намачија. По пат седнат на еден од многуте свиоци го сретнав и Петар кој се бореше со своите проблеми. Од последната/првата контрола веќе патот ми беше познат. Време од 12:41:27 за финиш и прво место.
На пиедестал со подароци од спонзорот Garmin |
Нашите на Бамби крос веќе беа финиширани и нетрпеливо ги очекуваа останатите. Борче беше финиширал и како прв во својата категорија. Веднаш по мене финишираа Данчо и Тања Пенева која финишираше како трета во својата категорија, а додека се разладувавме во базенот во кампот пристигнаa Петар, исто така трет во својата категорија и Александар Симјаноски кој финишираше како четврти во категоријата сениори на Гармин ултра. Трајче за жал се откажа на 82k и остануваше да го причекаме само Јовица кој не изненади со дополнителните 2k после финишот за да си комплетира уште една 100k.
Ништо без ваква екипа!
Наредниот ден си го искористивме за сплаварење по Дрина за што не зажаливме иако после полноќ се вративме во Македонија.
|
Уживанција по Дрина! |
Ви благорам на сите за огромната подршка!
*фотографии на Трајче Панковски, Војкан Недковски и www.taramaratnon.com
*фотографии на Трајче Панковски, Војкан Недковски и www.taramaratnon.com
No comments:
Post a Comment