Next race: www.highscardusultra.com

Wednesday, September 4, 2013

ЦЕРИПАШИНА ВЕРТИКАЛ К (01.09.2013)

Се случи и тоа за прв пат овде кај нас, Вертикал километар. На иницијатива на Трајче Панковски овој скромно организиран настан се одржа на Попова Шапка и тоа од почеток на ски лифтовите до врвот Антени. На старот се појавивме околу шеснаесетмина. Мала но добра бројка за почеток на нешто толку убаво и напорно. Во неполни пет километри имавме околу 1000m +D. Кратко по стартот патеката свртува во десно и се движи по столбовите на Церипашина. Кај претпоследниот столб имаше благо свртување во десно и потоа искчување до самиот врв каде се наоѓаше и првиот контролор. Следуваше спуштање во долината под врвот и за крај уште едно стрмно искачување до врвот каде не очекуваше и вториот контролор. 
На крај Garmin 310XT покажа должина од 4.37k со 913m +D и време од 1:02:35.
Наредна ваква трка не очекува во првата половина на октомври па бидете подготвени.


Контролорите Александра и Александар
Последни инструкции пред старт
Благој, Бурим, Александат и Марјан на врвот
Со вакво капче се оди полесно по угорнина
Светле на пат кон врвот
И Спасе на пат кон врвот


Филип на последната угорнина
Ангел пред врвот
Владимир пред крајот
Тешко е и со стапови-Тања пред врвот
Најважна е подршката
На врвот
За промена решивме малку и да потрчаме потоа



No comments:

Post a Comment