Заедничката акција на ПСД Макпетрол и ПД Кораб овојпат привлече огромен број на луѓе, точно 137, кои беа решени и покрај неповолните прогнози да појдат кон врвовите Убава и Остри Врв. Стартот беше од селото Патишка Река по што речиси го следевме широкиот земјен некаде до границата на шумскиот појас. Логиката потоа не водеше кон не многу стрмно искачување на Убава. Традицијата на групна фотографија ја запазивме и овој пат по што тргнавме кон Остри Врв. На пат кон Остри Врв видливоста се намали толку што ГПС уредите беа повеќе од потребни. Но како што наближувавме погледите кон Остри Врв и околината се повеќе се отвораа. На спуштање времето не почести со врнежи од снег, а како што се наближувавме кон Патишка Река и со дожд.
Над Патишка Река |
По напуштањето на широкиот земјен пат |
На пат кон Убава |
Небесни формации |
Малку пред Убава |
Остри Врв |
Бачилото над Патишка Река |
Спуштање по дожд кон Патишка Река |
повеќе фотографии на линкот:
No comments:
Post a Comment