Next race: www.highscardusultra.com

Sunday, February 23, 2014

KATLANOVO RUN 57k(16.02.2014)

Деновите до нашиот прв ултрамаратон за оваа година полека наближуваат а со тоа се зголемуваат и должините на тренинзите кои обично ги правиме за време на викендите. Изборот овој пат падна на Катланово. Имавме две варијанти, од 20k и 55k, со старт од Катлановска бања. И за двете варијанти имаше одличен интерес од заинтересираните за овој настан. 
Нашата група задолжена за 55k се движеше на релацијата Катланово-Ново Село-Пакошево-Блаце-Кожле-влив на Пчина во Вардар-Кожле-Бадар-Брезница-Катланово. Претежно трчавме по широки земјени патишта со мали исклучоци на асфалт. Посебно атрактивни се деловите покрај реката Вардар и од вливот на Пчиња во Вардар кон Кожле како и од Брезница кон Катланово.

После Катлановска бања
Иделани услови за трчање
Зелена зима
Си трчкаме си уживаме
Трансформерс
Патеката покрај Вардар
Пчиња во Вардар
Мојот омилен дел, паралелно со автопатот Скопје-Велес
Кон село Кожле
Од Брезница кон Катланово
Завршните делови пред Катланово
Мапа на рутата
Профил на рутата

No comments:

Post a Comment