Next race: www.highscardusultra.com

Wednesday, April 2, 2014

Пониква, Царев Врв, Руен и назад(30.03.2014)

Последниот подолг тренинг пред Изник решивме да го направиме на Осогово и поради терените кои ги нуди за трчање и поради должината која планиравме да ја направиме. Поточно планирано беше да формираме две групи од кои едната би трчала од Пониква до Царев Врв и назад а другата од Пониква до Руен и назад. 
Само што влеговме во летното сметање на времето со еден час помалку спиење и околу 7:30 бевме на паркингот на Пониква. Од таму пристигнатите десетина луѓе се упативме со трчање наjпрвo кон Царев Врв додека останатите решија да пешачат кон Царев Врв. Во меѓувреме пристигна и екипа планинари од Кочани.
Временските услови идеални, патеката исто така. Некаде пред самиот врв почнавме да газиме по снег со длабочнина до глуждови. По 2 часа и 20 минути бевме на врвот со веќе прокиснати патики и полусмрзнати стопала. Само што се комплетиравме веднаш падна одлука да тргнеме кон Руен. Ени реши да се врати назад а Тања и Марјан некако колебливо ни се придружија малку подоцна. Како што спуштавме висина од Царев Врв времето беше се потопло а нашите резерви со вода се помали. Спасот го гледавме во чешмата под Руен. А таму единствено од полу затрупаните знаци со снег можеше да се претпостави дека има чешма која беше комплетно затрупана. Затоа решивме да се обидеме да побараме вода во заслонот на бугарската страна. И за среќа бугарите многу паметно го имаа решено ова. Неколку пакети флаширана вода чекаа на масичката. Земавме две шишиња и братски си ги поделивме меѓу себе. Таман колку да имаме за враќање. 
Остануваше потешкиот дел. Враќањето назад. Веќе бевме доволно уморни па почнаа да се појавуваат и првите симптоми на каење што отидовме до Руен. Знаевме дека штом ќе стигнеме пак на Царев Врв се ќе биде полесно. Така и некако бидна. На спуштање од Царев Врв најдовме изворче со вода со што решивме еден голем проблем. Од таму секој со свое темпо си го фати патот за назад. Кај бачилото близу до Пониква не пречека групата планинари кои ни честитаа за подвигот. Изминавме 48km со 2000m +D за околу 7:30 што не беше  во согласност со предвидениот тренинг но имајќи ги предвид условите кои што ги имавме можеме да бидеме задоволни од сработеното.  

Изгрејсонце од Плачковица
Спремна екиша
Раположени за трчање
На Царев Врв
Спуштање од Царев Врв
Марјан Бонев во акција 
Пронајди ја чешмата
Благодарни сме за водата која најдовме
Екипата на Руен
Параглајдеристи уживаат на зајдисонце 
Повеќе фотографии на линкот.
Запис од Garmin Connect.

No comments:

Post a Comment