Изник или античка Никеја е мало гратче кое
се наоѓа во азискиот северо-западен дел на Турција. По него е именувано и
езерото на чии брегови се наоѓа и самиот град. Инаку целиот град е опкужен
со ѕидина која сега на делови е пробиена поради сообраќајот кој речиси е
во полн ек преку целиот ден и до доцна во ноќта. Веќе трета година Изник е
домаќин на Изник ултрамаратон што опфаќа три трки од 131k, 80k и 42k. За уште
поголема промоција трчањето се организира и трка од 10к низ улиците на градот
на која масовно учество земаат мештаните од овој регион.
Нашата делегација на овој настан броеше
деветмиена натпреварувачи на сите четири трки. Јовица, Светлана и јас се
решивме за Iznik Ultra 130k, Тањите(Манчева и Пенева) на Orhangazi Ultra 80k,
Трајче, Софија и Марјан на Iznik mountain Marathon 42k и Илија Пајмакоски на
Iznik Run 10k.
|
Yeah! |
Со самото пристигнување веднаш остваривме
контакти со британската екипа предводена од Ian Corless, една од личностите
која е неодминлив дел од најголените ултратрејл трки во светот и кој
преку својот блог и подкасти ги пренесува најважните информации од светот
посветени на trailrunning-от. Исто така Ian Corless нудеше и покривање на
настанот преку неговиот блог.
|
Со британската екипа на чело со Ian Corless |
Стартот на Iznik Ultra 130k беше во
петок на полноќ. Само што се појавивме на старт евидентно беше дека број на
тркачи е преполовен од претходно најавените. Стартуваа вкупо 46 натпреварувачи
од кои само 3 жени. Со некои веќе имавме претходно оставарено конатакти од
некои претходни трки и беше убава можност да се дружиме повторно. Подршката за
нас тројцата не изостана од нашата екипа и покрај тоа што имавме полноќен старт
а тие утрински старт од 07:30 што беше навистина прекрасно.
|
Пред стартот на 130k |
Како и секој старт
така и овој донесе многу возбуда најмногу поради публиката која искрено не
бодреше а помалку заради камерите кои се наоѓаа пред нас. Ноќта беше повеќе од
пријатна за трчање со малку ветар на повисоките и отворени места. Тројцата
стартувавме заедно но целта беше секој да си фати свој ритам со кој би
финиширал сигурно. Стартував бавно што за мене секогаш е многу подобро од брз
старт и уште на првите угорнини почнав да ги престигнувам оние кои беа пред
мене. Исто така поспориот почеток штити и од губење кое уште во раниот тек на
трката би делувало доста демотивирачки. За среќа моја згрешив само мал дел од
патеката по што се вратив повторно на вистинската патека и тоа заедно со
победникот од претходните две години Мамут Јавуз. Во негово друштво беше и Уфук
Озтурк со кого имаа добар ритам на трчање па решив дека најдобро би било трката
да ја продолжам заедно со нив. Угорнините не делуваа така тешко па голем дел од
нив ги трчавме. Спуштањата исто така не беа премногу стрмни и делуваа идеално
за трчање. Во разговор со Мамут дознав дека втората половина на трката е она за
што треба да се чува енергијата иако е речиси комплетно рамна. Првите прблеми
се појавија на околу 35k и тоа со стомакот. За среќа неколку таблети активен
јаглен успеаја да го решат тоа. И покрај тоа имав добар ритам на трчање од
10k/h до 60k имајќи го предвид висинскиот профил до таму. Од таму делуваше
дека некако се би идело побрзо што не испадна така. Сонцето веќе изгреваше а
јас трчав по брегот на езерото трудејќи да стигнам до Орнекој каде што планирав
подолга пауза и промена на патиките кои беа влажни од минувањето на рекичката
претходно. Утрото како да ми даде дополнителна енергија што добро ми дојде за
наредните 20k до Илика. А таму група луѓе уживаа изполегнати во термален извор
со тиркизна боја. Да си пукнеш од мака. Од Орнекој што е на 77k па се до Изник
се трча буквално низ насади со маслинки со исклучот на еден дел од Илика до
Бојалика каде што се трча по регионален асфалтен пат. Ништо друго околу тебе освен
маслинови дрвја и земјен пат пред тебе кој постојано те „шета“ лево-десно.
Поради должината немав намера да ги евиднетирам километрите кои и онака споро минуваа
па уште од старт се решив само да вклучам штоперица. Малите болки во коленото
кои ги почуствував уште од почетокот ме натераа постојано да бидам фокусиран на
чекорите кои се трудев да бидат одмерени со што би го избегнал пречекорувањето
и поголемиот удар кој тој го носи. Исто така пробував да се фокусирам и на
дишењето, посебно на абдоминалното дишење што на крај се покажа како одлично
имајќи во предвид дека после некои ултраматорни имав проблем нормално да
вдишам. Занимавајќи се овие мои ситни проблеми некако и неочекувано налетав на
последната контролна Дикилиташ на 120k. Од таму се беше некако полесно иако
нозете беа преморени па малку одев, малку трчав, малку стречинг и се така
одново се додека не ме згогледа полицаецот на мотор кој со многу гордост си ја вклучи
сирената решен да ме донесе до целта трчајќи. Така цупкајќи позади него излегов
на последната кривина која носеше до финишот. А таму Џанер, организаторот, и
група фотографи ме пречекаа радувајќи се на моето трето место исто колку и
јас(иако јас бев премногу уморен за да го изразам тоа). Посебно бев радосен што
успеав да го направам тоа за време од 13:53:41. Пред мене веќе беа
финиширале Маркус Скотни од Британија кој и покрај заостатокот поради губење на
почетокот со неверојатна брзина успеа да го наполни загубеното и тоа со нов
рекорд на патеката од 12:53:59 и Мамут Јавуз со време од 13:11:55. И двајцата се атлети од светски калибар кои имаат постигнато
неверојатни резултати, Маркус на светки и европски шапионати на 100к
претставувајќи ја Англија а Мамут на повеќедневни трки во Гоби и Калахари каде
има финиширано како втор.
|
Јовица неверојатно свеж на финишот! |
Нашите маратонци Трајче, Софија и Марјан
веќе беа финиширале па во камот си честитавме за постигнатион успех. Марјан
заврши на десетото место со време од 4:00:35 каде неприкосновен беше Роби Бритон, еден од најдобрите британски трчачи на подолги патеки. Софија заедно со
Трајче го истрча својот прв маратон и тоа планински со време од 6:28:07. Во
женска кокнуренција домираше победничката на Изник ултра маратон од претходните
две години Елена Полјакова.
|
И Светле после тешката трка на финиш! |
Двете Тањи
исто така успешно го завршија Орхангази ултрамаратон и тоа Манчева со време од 11:01:21 пласирајќи
се трета во својата категорија. Пенева финишираше со време од 11:02:03
пласирајќи се втора во својата категорија. Така и двете си заслужија подиум. Овaa
трка ја обележа импресивното
време на Џо Мик од Британија која патеката од 80k ја помина за неверојатни
6:52:17 и се пласираше прва во генерален пласман.
|
Во друштво на Мамут и Маркус |
Јовица пристигна на целта со време од 16:55:14.
Никогаш до сега не сум видел посвежо лице после толку истрчани километри.
Остануваше да ја причекаме Светле која и покрај огромните болки во коленото
успеа да финишира со време од 22:27:08 за што и приредивме еден колективен
дочек.
|
Светле во друштво на Баки Дуран |
Утредента Илија Пајамакоски се натпреваруваше во
трка на 10к и успеа да стигне до третото место со време од 37:44. И овојпат прв
на целта стигна Роби Бритон потврдувајќи ја својата одлична форма.
Учеството на овој настан успеавме да го искористиме
и за мала промоција на Крали Марко за што се пројави доста интерес.
Имавме шанса да учествуваме на еден прекрасно организран настан и да склучиме
многу пријателства со наши колеги од разни земји што е и најголема придобивка
за сите нас.
|
Победничките на Orhangazi 80k |
|
Победниците на Iznik Mountain Marathon 42k |
|
Победничките на Iznik Mountain Marathon 42k |
|
Победниците на Iznik Run 10k, Илија Пајмакоски трето место |
|
Тања Пенева втора во својата категорија на Orhangazi 80k |
|
Тања Манчева во друштво на Џо Мик и трета во своја категорија на Orhangazi 80k |
No comments:
Post a Comment