За Словенија си знаеме дека е преубава. Од неколку претходни посети знаев дека истото важи и за Љубљана. Во целата таа слика свое место има и Љубљанскиот маратон.
Еден солидно пополнет автобус од Македонија надополнет со нашите пријатели од Србија по едно ноќно патување во саботата, ден пред трката, се истовари во Љубљана. Се сместивме во едно интересно хостелче во близина на центарот на градот. Најпрво го посетивме саемот, оближувајќи се на понудената опрема, подигнавме стартни броеви и тргнавме во еден напорен шопинг. Целиот град тој викенд беше подредеден само за маратонот. Градските автобуси возеа бесплатно учесници, центарот на градот ден претходно затворен за сообраќај, огромни банери со логото насекаде... Мирисаше на голем настан. На 18 Љубљански маратон.
|
Светле на потпис |
Наредното утро централниот дел беше окупиран од натпреварувачи, гледачи, организатори... Додека трката на 10к беше во тек пробувавме да најдеме некаков премин до самиот старт. Таму буквално „вриеше“ од луѓе кои трчкаа помеѓу бариерите чекајќи го своето време за старт. Инаку на самиот старт имаше неколку стартни зони зависно од планираното(посакуваното) време на трчање на маратонот или полумаратонот. Секоја зона си имаше и свои означени пејсери.
|
Трајче на преглед |
Во целата гужва успеав да се престројам во зоната за 3:15 маратонско време. Гледавме како стартуваат претходните зони и нестрпливо во ритамот на музиката го очекувавме и нашиот старт. А стартот предизвикува вистинска еуфорија и кај публиката и кај натпреварувачите. Малку турканица во првите неколку километри а потоа секој си наоѓа на свое место во трката. Публика преку целата патека и дури четири-пет оркестри кои беа големо изненадување и подршка. Седумте освежителни станици беа и повеќе од доволни.
|
Претставување на фаворитите |
|
Се е беше спремно уште претходниот ден |
|
Полека кон старт |
|
Ултраши на маратон |
Набргу после стартот ги стигнав пејсерите за 3:15 а нешто потоа и оние за 3:00. Трчав речиси цел круг пред нив. Првата грешка. Наместо да го пратам нивното темпо првиот го забрзав поради што „паднав“ во последните километри. Околу 20к го испив првиот и единствен гел што го имав. Втората грешка. Веројатно требаше нешто порано и потребно беше да имам уште неколку. Веднаш после првиот круг фатив приклучок со пејсерите за 3:00 и групата која ги пратеше. И така со нив до 25к. За кратко отидов во тоалет и целата група како да летна напред. Немаше повеќе стигнување. Километрите бавно минуваа, темпото паѓаше. Особено по35к. Патеката ти е добро позната само што вториот пат ти изгледа бескрајно долга. Имав чувство дека се влечам до финишот. А таму нашите пријатели ултраши од Словенија кои финишираа нешто порано.
|
Нешто после првите 21k |
|
Финиш со време од 3:05:34 и нов личен рекорд
|
|
Валдет, Светле(прв маратон) и Борче на финиш |
|
Јовица на финиш |
Со оглед дека нашата екипа на полумаратонот беше одамна завршена остануваше заедно со нив да ги пречекаме нашите маратонци. Во целата таа гужва за жал успеав да го видам само прогласувањето на победниците на Run Alpe Adria и финишот на Јовица Јованчев. На радост на сите пак овде паднаа многу лични рекорди и одлична дружба.
|
Победниците на Run Alpe Adria |
Сумирајќи ги сега импресиите можам да кажам дека учествувавме на настан од светско ниво со беспрекорна организација. Затоа и по неговото завршување многумина го најавија своето учество за нареднта година.
Голема пофалба и до Маратон клуб Делта за нивната организација и можноста да бидеме дел од ваков настан.
*фотографија 6 www.davidkadunc.si, фотографија 7 www.delo.si, фотографија 8 Христена Јованчева, фотографија 9 и 10 Трајче Панковски
No comments:
Post a Comment