Next race: www.highscardusultra.com

Wednesday, October 23, 2013

Голем Крчин(20.10.2013)

Недела рано наутро поаѓаме кон село Битуше. Се паркираме на фудбалското игралиште, над селото. Голема група од околу триесетина планиранири има намера тој ден да ги искачи врвовите Рудина(2238m) и Голем Крчин(2341m). Некои од нас се определуваат само за искачување на Голем Крчин заради наталожениот умор. Од селото до самиот врв води прекрасна патека низ шума послана со дебел слој на лисја, одлично измаркирана. Се движиме полека уживајќи во убавините околу нас. 

По пат наидуваме и на мала црквичка каде правиме кратка пауза. Од таму постојат две варијанти за искачување: источната која е многу пострмна и пократка и јужната подолга и поблага. Поголемиот дел од нас се решаваат за втората варијанта. Додека се искачуваме ги гледаме минијатурите кои се појавуваат на Рудина, Дебарското и Охридското Езеро. 
На врвот правиме долга пауза и ги пречекуваме планинарите кои се искачија на Рудина. Групна фотографија, еден вид знак за припрема, и се упатуваме назад но по друга патека, малку пострмна. Повторно си ја „фаќаме“ маркираната патека се до селото. Потоа патот не води до кафеаната во Ростуше, слаткарницата во Гостивар, Скопје... Ангел и мене и до Штип.

Изгрејсонце над Мавровско Езеро
Вода студена, некаде да пола пат
Убаво измаркирана патека
Крчинска Краста
Тепих од лисја
Црквичката
Плашило или човек?
Рудина во позадина
Групна фотографина на Голем Крчин
Стрмното спуштање
Назад кон Битуше
*фотографија 9 Петар Герасимов

No comments:

Post a Comment