Next race: www.highscardusultra.com

Wednesday, October 16, 2013

KMT 2013 (11.10.2013)

Она што требаше да биде голем настан КМУТ  на крај поради многу причини се претвори во КМТ од 16к. За жал така испадна но што можеше се спаси од оваа ситуација благодарение на Трајче Панковски и неколкуте силни подржувачи на овој настан од Прилеп кои повеќе од заслужено добија медали за нивниот придонес. Трката ја одбележа и нејзиниот хуманитарен карактер со цел да се помогне во закрепнувањето на нашиот најпознат ултрамаратонец, Зоран Димов.


Масата за пријавување со волонтерките Александра и Сара
Со самото пристигнување во Прилеп донесовме и малку дожд кој траеше се до стартот на трката и налагаше претпазливо движење по влажните карпи кон манастирот Трескавец каде се наоѓаше и единствената контролна точка со храна и течности. 

Речиси сите на број
Поради „оправдани“ причини стартот доцнеше за некои петнаесетина минути. Уште на почетокот претендентите за висок пласман збришаа низ улиците на Прилеп во правец на „Слончето“ и манастирот Трескавец. 

Мокри улици низ Прилеп
Патот до манастирот, добро измаркиран, но за секој случај беа поставени неколку црвени траки. Единственото „трик“ место се наоѓаше на една остра кривина по новиот асфалтен пат каде имаше поставено сообраќаен знак за ограничување на брзината од 20k/h и црвени ленти за да се продолжи во правец патеката. Ниските облаци си го направија своето па неколкумина го промашија свртувањето за кратко. Делот после ова свртување беше вистински рај за трчање и морам да ги пофалам луѓето кои го маркираа овој дел за нивниот избор. 


Во правец на „Слончето“
Стрмен спуст па неколку рамни делови и благо искачување до седлото под Марковите Кули водеа до спустот до „Слончето“ каде беше и финишот на оваа трка. Како што одминуваше трката така се појавуваа и сончевите зраци, како порачани за прогласувањето. 
Радост на финишот
1.Александар Стојановски 2.Атанас Анчевски 3.Mihajel Van Baelen
1.Светлана Стојаноска 2.Емилија Ѓоричкова 3.Марија Богдановска
Јуниори: 1.Илија Пајмакоски 2.Стефан Стојановски 3.Никола Димитриески
Јована Пенева најдобра јуниорка
Најдобрите ветеранки, Татјана Герасимова и Софија Панковска
Ветерани: 1.Аце Јакимовски 2.Горан Секуловски 3.Томислав Спасевски
И секако најзаслужните за овој КМТ
Мапа и профил на патеката
Резултати: 
http://makpetrol.com.mk/planinari/ReportsMk/KMT-2013.asp
Повеќе фотографии: 
https://plus.google.com/photos/117670370775049603827/albums/5933585649632116113
*фотографии 2 и 3 Петар Герасимов

No comments:

Post a Comment