Next race: www.highscardusultra.com

Tuesday, October 8, 2013

ЦЕРИПАШИНА ВЕРТИКАЛ К #2 (06.10.2013)

Со Светле пристигнавме во сабота околу пладне. Трајче, Петар, Александар и Данчо веќе беа таму маркирајќи ја патеката за утрешниот ден. Сеуште не бевме сигурни дали ќе спиеме во шатор или во домот па ранците ги оставиме над домот Смрека. Имавме намера да денот да го искористиме за трчање па решивме само да стигнеме до нив да се поздравиме и помуабетиме малку да се вратиме назад до ранците и да трчаме некаде околу.  


Прекрасни патеки за трчање кон домот Јелак
Налетувавме и на мраз
Домот Јелак
Околу Јелак, 10k 326m +D 
Вечерта ја искористивме за вежбање чворови
Утредента пристигнаа и останатите натпреварувачи и така околу петнаесетина се најдовме на стартот. Патеката беше идентична како и минатиот пат и најавата за рекорд на патеката и лични рекорди лебдеа во воздух. Временските услови беа идеални. На врвот Церипашина овојпат контролор беше Александар Буцевски а на Антени Петар Герасимов .

Марјан со нов рекорд на патеката 54:49
Симјаноски на финиш
Бурим со исто време како и минатиот пат
Илија пред финиш
Леснотија!
Неколку чекори до финиш
Спасе пред финиш
Еве го и Борче
Задоволството е големо на финишот
Мој личен рекорд на патеката
Веднаш после тоа една мала екипа реши да го искористи остатокот од времето за уште едно кратко трчање. Од Антени се упативме во правец на Бакардан и од таму се спуштивме на Вакуфската патека и назад кон Шапка. 

Убавини!
И така си уживавме до Шапка
Шарка на Шара уживаше на убавото време
Од Антени по Вакуфска до Шапка
Награди, домашни еклери од кујната на Татјана Герасимова



No comments:

Post a Comment