Next race: www.highscardusultra.com

Thursday, October 17, 2013

Маратон/полумаратон на себенадминување Шри Чинмој(13.10.2013)

Вистинска реткост кај нас е да се организираат неколку трки во еден месец(КМТ, Маратон на себенадминување и Меморијален ултрамаратон „Горан Стојанов“) но уште поголема реткост е два од овие настани да бидат само на еден ден разлика. 


Подготовки прет старт

Стартот во Градски парк во Скопје за маратонците беше закажан во 09:00 а за полумаратонците час подоцна.


1.Игор Цветановски 2.Петре Завировски 3.Александар Чекоров
Дел од нас што трчаа на КМТ решија да се појават на полумаратонот. Имавме прекрасен есенски ден кој како што одминуваше стануваше се потопол. Еден круг беше со должина од околу 1750m па маратонците имаа вкупно 24 круга а полумаратонците 12 круга. На двете трки се појавија околу педесетина натпреварувачи, најголем број во полумаратонската трка. 


1.Светлана Стојаноска 2.Виолета Велкоска 3.Верица Параскова
Мојата намера во полумаратонста беше да почнам со поспоро темпо во првите 10k додека втората половина да трчам со моето проектирано време за маратон од 4:15k/min како еден вид тест пред Љубљанскиот маратон. Сепак трка си е трка и си дава свој ритам па така се до последните три круга го држев просекот од 4:15k/min и во последните три круга имав сила и да забрзам.
1.Игор Јакимовски 2.Жикица Ивановски 3.Добре Кузмановски
Светле и овојпат заврши како прва, Софија си направи личен рекорд, Трајче и помагаше а Тања успешно го заврши полумаратонот.


Софија и Трајче во акција, Тена ги прати
Благодарност до сите волонтери и пријатели кои што не бодреа на овој настан! Се гледаме на Меморијалниот ултрамаратон/полумаратон „Горан Стојанов“!

No comments:

Post a Comment