Next race: www.highscardusultra.com

Saturday, February 2, 2013

Исар-некои нови делови

Супер е кога ќе најдеш некое ново место за трчање или некој нов дел од некое место. Најчесто се користеа скалите за трчање или асфалтниот пат што води до спомениците на Исарот. Од самиот врв можат да се одберат неколку делови кои што се идеални за трејл трчање, кратки ама има и доста т.н. технички делови со многу камења и карпи. 
Најмногу ме бендиса овој северен гребен долг околу 500m со искачување од 75m +D
Она што ми го разубави тренингот беше и прекрасното зајдисонце и поглед кон Јакупица искачувајќи се и спуштајќи се погледот кон Осогово, прилично набабрени од снег. Тоа би било тоа. Барајте нови места за трчање за повеќе мотивација.




Поглед на Јакупица
Поглед кон Осогово
Зајдисонце од Исарот



No comments:

Post a Comment