Дојде ред и вториот преглед на дел од патеката за КМУТ 2013. Времето доста ветровито, со силен јужен ветар и најави за задожд кои сепак изостанаа. Овој пат стартувавме во близината на Штавица, поточно од асфалтниот пат близу селото, и се движевме/трчавме кон селото Марул. Делови од патеката после Штавица беше прилично зашумен и каллив.
Во Марул имавме кратка пауза на селската чешма. Следно село низ кое поминамве беше Подмол. Пред самото село има вир и убави карпи за сончање само што бевме во погрешна сезона овојпат.
Карпите и вирот во Подмол. Над селото се наоѓаат и прекрасни болдер карпи |
Од Подмол до Бонче води широк земјен пат но на наше изненадување недалеку од патот се наоѓа гробница која датира од 4 век, која Трајче претходно ја имаше посетено, па без тешкотии не доведе до неа.
Гробницата помеѓу Подмол и Бонче |
Екипата: Ѓоре, Светле, Божо, Јовица, Трајче, Давор, Жикица и Петар |
Кога стигнавме во Бонче за да не одиме по асфалтниот пат пресековме преку село и излеговме на брдото веднаш над возилата, каде газевме и малку снег и ни остана само спуштањето до финишот/стартот. Во наредниот период се планирани уште неколку вакви тестови на патеките околу Прилеп за што подобра организација на овој значаен и голем настан за нас. И секако доколку некој сака да ни се приклучи во овие авантури е повеќе од добредојден.
No comments:
Post a Comment