Next race: www.highscardusultra.com

Tuesday, March 5, 2013

Маратон-полумаратон на себенадминување Шри Чинмој Ниш 03.03.2013

Нишкиот маратаон/полумаратон на себенадминување Шри Чинмој  традиционално секоја година во почетокот на месец март се одржува во паркот Чаир. Маратонот/полумаратонот се трча во кругови па така оваа година маратонот броеше 40 кругови, а полумаратонот 20 кругови. 


Дел од екипата 
Освен Јовица Јованчев и јас сите останати беа решени да трчаат полумаратон кој стaртуваше час подоцна од маратонот. Нешто пред самото пријавување решив да трчам маратон сомневајќи се дали воопшто и ќе можам да го завршам, но и во тој случај би претставувал еден добар тренинг пред ултрамаратоните кои следат. Она што ме убеди да пробам повторно маратон беше средбата со мојот драј пријател Драган Чириќ со кој заедно ја поминавме речиси целата патека на Фрушкогорскиот ултрамаратон претходната година. Секој натпреварувач си имаше свој бројач, лице што е од голема важност при ваквите кружни трки. Од тој аспект организаторот најкоректно си ја заврши својата работа. 

Прво место со време од 3:09:56, второ место Драган Чириќ
Ова беше само втор мој истрчан маратон, после Скопскиот во 2010 година со време 3:45:45. Линк до програмот на Garmin од истрчаниот маратон во Ниш:
http://connect.garmin.com/activity/280495771

Повторно дел од екипата

За жал овој настан го одбележа и смртта на еден од натпреварувачите но и покрај сите напори се беше залудно. Слава му!

No comments:

Post a Comment