Next race: www.highscardusultra.com

Thursday, March 21, 2013

Taor trail run(17.03.2013)

Таорската клисура е една од трите клисури по течението на реката Вардар и се наоѓа помеѓу селото Катланово и Велес. Во делот на клисурата се вливаат две притоки кон Вардар, Кадина Река и Пчиња. 


Кон село Блаце, блага угорница
Предвидени беа две рути на трчање од страна Трајче, едната подолга со должина од околу 40км, а другата со должина од 20км. Подолгата рута ја тестиравме Трајче, Александар, Ѓоре, Светле и јас, а за пократката се пријавија Кире, Софија, Тања и Саше. Стартувавме заедно од Катланово до селото Блаце каде се разделивме. Ние од селото Блаце се спуштивме кон селото Пакошево. Патот е широк и земјен, олдичен за трчање. 


Дел од патеките кон Пакошево
Од Пакошево асфалтниот пат не водеше кон Ново Село, паралено со Вардар и железничката пруга од другата страна. И така се до вливот на Кадина Река во Вардар. 

Дел од екипата, Трајче фотографираше
Доста ни беше рамен терен па неколку ритчиња ни дојдоа како порачани. А тука се појави и “непрооден“ терен низ кој едвај некако успеавме се протнеме. Патеката тешко се наѓаше освен некои тесни патеки направени од кравите коишто минувале претходно. 

Густо, густо, густо
Толку многу се свикнавме на трњата и боцките што подоцна ни недостасуваа. И конечно стигнавме до остатоци од некое село каде што направивме кратка пауза. Потоа повторно го следевме текот на Вардар овојпат до вливот на Пчиња во Вардар. Од оваа точка до селото Кожле следуваше најубавиот дел од оваа рута или пак мене ми остави најубав впечаток. Можеби затоа што многупати го имам гледано овој дел патувајќи по автопатот замислувајќи како трчам на тој дел. 


Рајот за трчање
Во Кожле се хидриравме на селката чешма и правецот не водеше кон село Бадар. Уморот веќе се чувствуваше кај нас па решивме да скратиме дел од предвидената рута и од Бадар се упативме назад кон Катланово. Различни уреди, различни должини но факт е дека поминавме околу 36км со 940 +D и време на движење од 4:46.   

Патеката што ја изминавме
Профил на патеката

No comments:

Post a Comment