Next race: www.highscardusultra.com

Tuesday, March 26, 2013

Веливар, Дешат(23.03.2013)

По втор пат оваа година одлучивме да ги посетиме врвовите околу прекрасната Жировница. Идејата на Трајче беше да се искачи највисокиот врв на Дешат, Веливар 2.373m. Повторно не водеше Даут овојпат со неговите пријатели. Уште еднаш за пофалба беше бројот на учесници кои решија да се приклучат кон ова искачување. 


Снегот беше одличен за движење
А времето беше идеално за ова искачување. Вториот ден од пролетта ни понуди нешто за што копнеевме цела зима.  Некои делови беа прилично замрзнати и требаше да се стават дерези. По пат наидовме на падната огромна лавина, можеби со должина повеќе од 1km. 

Се движевме низ лавината 

Дел од огромната лавина
Глетката на сите страни беше фасцинантна. А од самиот врв можеа да се видат сите планински масиви во Македонија, Проклетије, долината на Дрим, Охридско Езеро... 

Стреите на Веливар
Како што си заминувамве така глетката на Крчин беше се поубава
Имаше доволно време и за одмор
По изминати 21km со 1530m +D,веќе станува традиција, завршивме со слаткарата во Жировница со нашите домаќини




No comments:

Post a Comment